СЈО ТРОШИ МИЛИОНИ ЕВРА: Молкот на СЈО за платите отвора сомнежи (ВИДЕО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На прашање поставено на 21 септември годинава за висината на платите на Јанева и на другите нејзини соработници, како и за имињата на лицата што се ангажирани од страна на СЈО, одговорот што бил доставен до новинарот бил негативен

Фото: Телеграф.мк/Тоше Огњанов

Не сакам да кажам, е одговорот со кој минатата недела се „прослави“ специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која не сакаше да одговори на новинарско прашање и да каже пред македонската јавност колкава е нејзината плата. Таа во гостувањето на емисијата „Топ тема“ на телевизијата „Телма“ рече дека нема намера да одговара колкава плата зема оти, како што истакна: „Има податоци преку слободен пристап за информации, јас не сум таа што треба да одговара на тие прашања, не, не сакам да кажам“.

Сепак, во реалноста се покажува дека таа информација не е достапна ниту преку Законот за пристап до информации од јавен карактер. Порталот „Прес 24“ објави дека новинарот на ТВ „Сител“ во неколку наврати поставувал прашање, повикувајќи се на тој Закон, и постојано бил одбиван.

Така, на прашање поставено на 21 септември годинава за висината на платите на Јанева и на другите нејзини соработници, како и за имињата на лицата што се ангажирани од страна на СЈО, одговорот што бил доставен до новинарот бил негативен. Од специјалното јавно обвинителство истакнале дека информацијата што ја барал новинарот не е од јавен карактер. Одговорот стигнал на 21 овој месец.

Прашање до СЈО за плати

Овој начин на одговарање од страна на СЈО отвора голем број сомнежи во јавноста за начинот на кои се трошат парите што оваа обвинителска институција ги доби од државата, а кои се со вкупна висина од четири милиони евра на годишно ниво.

Причината за сомневања е уште поголема ако се земе предвид и признанието на Јанева дека таму постои непотизам, односно дека си го вработила внукот од сестра.

Прашање до СЈО за плати

– Каков непотизам е тоа што некои помошни работи врши, а јас сум јавен обвинител. Да, го вработив мојот внук да работи како економски приправник – гордо потврди Јанева во интервјуто на „Телма“.

Дополнително долевање во морето сомнежи за начинот на финансиско работење на СЈО е и тоа што Јанева за време на давањето отчет пред пратениците во македонското Собрание беше категорична дека нема да им покаже детален финансиски извештај.

 

 

 

Превземено од Телеграф мк.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This