Еве кога ќе ги знaeме мepките за Велигден: Полициски час и затворени угостителски објекти уште една недела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утринава Комисијата за заразни болести по одржан состанок одлучи да и предложи на Владата продолжување на рестриктивниоте мерки во времетраење од уште недела, што значи дека и во нареднава недела граѓаните ќе мораат да го поминат во своите домови периодот од 20:00 часот навечер до 05:00 изутрин, а угостителските објекти остануваат затворени.

Од Комисијата за порталот Фактор велат целосно ја следат епидемиолошката состојба и дека има извесно подобрување, но се уште е голем притиското врз болниците. Тоа е главната причина, како што појаснуваат, да предложат продолжување на рестриктивните мерки, односно на полицискуиот час и затворање на угостителските објекти до 27. април.

Здравствените власт посочуваат дека ваквите рестриктивни мерки навистина даваат резултати, а тоа се гледа, како што истакнува, и од постепеното намалување на бројот на новозаразени со корона вирусот на дневна основа.

Наредниот понеделник Комисијата за заразни болесни повторно ќе заседава и согласно епидемиолошката ситуација, ќе одлучувакакви ќе бидат мерките за престојните празници Велигден, односно 1 Мај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This