April 23, 2024, 11:24 pm

ЕВЕ КОГА ЌЕ ПРЕСТАНЕ ТРЕСЕЊЕТО: Кога ќе престанат земјотресите во Турција, тогаш ќе престане и во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според професорката доктор Драгана Черних-Анастасовска, африканската плоча тргнала кон европската, па нивното судрување предизвикува земјотреси.

mapaturcija

– Земјотреси има многу често. Голем дел од нив не се толку силни за да ги чувствуваат граѓаните, но ние ги регистрираме во нашата опсерваторија. Серијата земјотреси кои се случуваат во овие денови во Скопско се последица од движењето на овие две плочи, што секако е природен процес. Имено африканската плоча навлегува под европската, па при судир на тие две плочи се јавуваат земјотресите, објаснува Черних за ДНЕВНИК.

Точната линија каде се судираат овие плочи може да се види само од земјотресите кои се јавуваат на линијата од западна Турција, каде што вчера наутро во регионот на Маниса, кај местото Аксихар беше измерен земјотрес со јачина од 4,6 степени по Рихтер (8:26 часот по локално време), па се до северен Балкан. Сеизмолозите велат дека Земјината кора е поделена на осум големи и дваесетина помали тектонски плочи. Осумте големи тектонски плочи се: Северноамериканската, Јужноамериканска, Антарктичка, Евроазиската, Африканската, Индиско-австралиската и Тихоокеанската.

Два главни процеса се одговорни за движење на плочите: создавање нова кора од магма која извира од вулканските пукнатини на дното од океаните и подвлекување на една плоча под друга, објаснува Черних.

– Врелата новосоздадена кора се создава на океанските гребени, потоа патува по океанското дно до работ на таа плоча, до зона на подвлекување, а потоа понира во обвивката каде што се уништува. Плочата која понира се „растопува “ во обвивката, така и се лади. Тектонските плочи се движат со брзина од 5 до 10 сантиметри во година. Соседните плочи може да се судираат и да создаваат нови планински венци, па така се создале Хималаите, Андите, па дури забележувате дека на брегот на Јадранското Море кај Италија за разлика од Хрватска нема ниту еден остров. Тука кај Хрватска, како притискала африканската плоча, така ја кревала, ја издигала европско-азиската плоча, па се издигнала и земјата. На некои места плочите лизгаат една покрај друга. Балканските и медитерански земји, но и Турција се наоѓаат на таа линија, па спаѓаат во подрачје на кое најмногу му се закануваат потреси во Европа, вели Черних.

Најмногу земјотреси предизвикани од движењето на африканската тектонска плоча има во Медитеранот, а прва на удар е Грција. Само вчера на југот од Грција имаше неколку земјотреси со магнитуда од 2,5, 2,8 и 3 степени. Земјотресите кои се случуваат како последица на тоа движење во Македонија се по плитки, а во Грција се карактеризираат со голема длабочина околу 400 километри под земја, да речеме кај Kефалонија или на островот Kрв.

– И во Грција и Албанија има по фреквентни земјотреси од Македонија, но јачината е речиси секаде иста, значи има умерени земјотреси. Земјотреси се јавуваат и кога има триење, борба на блокови од плочата. Тогаш се јавува и расед или линијата помеѓу двата блока, кој може, но и не мора да излегува на површина на земјата. Постојат напрегања меѓу блоковите и кога блоковите веќе нема да можат да ги издржат тие напрегања се вели дека настанал лом, и тогаш се случува земјотрес. Земјотресите не мора да се на една точка тие може да протегаат и по линија, вели Черних.

Деновиве сериозно зачестено се тресе западна Турција. Сеизмолозите од опсерваторијата на ПМФ велат дека загрижува тоа што интензитетот на тамошните земјотреси не опаѓа, туку расте. Затоа, се сомневаат дека фактот што во Скопје потресите продолжуваат е поврзано со земјотресите во Турција, односно сметаат дека постои можност, вчерашните потреси кај нас да се поврзани со земјотресите во западна Турција, со тоа што нашите се со помал интензитет од тамошните.

Покрај споменатиот земјотрес кај Маниса во 8.26 часот по локално време со сила од 4,6 степени, во 10.05 во истиот регион имаше нов земјотрес со силина од 4,0 степени, а во меѓувреме се регистрирани повеќе од 20 други потреси во цела западна Турција. Вчерашните земјотреси во Скопје беа во 11.50 часот со сила од 2,3 степени и во 14.19 часот со сила од 3,7 степени. Доколку се пресметаат по локалното време во кое се случија посилните земјотреси во Турција, овие во Скопје доаѓаат по еден и пол односно два часа од турските.

Оттука, велат соговорниците на ДНЕВНИК, кога ќе престане да тресе во Турција, најверојатно ќе стивне и кај нас.

Според ова размислување, завчерашниот земјотрес во Скопје со сила поголема од пет степени не е директно поврзан со вчерашните потреси во главниот град, а тоа најмногу ги збуни скопјани кои очекуваа смирување на земјата.

 

ДНЕВНИК

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This