ЕВЕ КОЈ ГИ КОНТРОЛИРА ПРОВЛАДИНИТЕ МЕДИУМИ: Сопругата советничка на Заев, сопругот во поход во медиумскиот бизнис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една година пред парламентарните избори почна раздвижување на медиумскиот пазар. Секојдневно се појавуваат нови информативни интернет портали, чии сопственици никогаш не биле дел од медиумскиот бизнис, ниту пак кадарот доаѓа од новинарската фела. Непознати имиња стојат во импресумот на некои портали, а има и такви кои немаат никаква информација кој е сопственик, иако според текстовите може да се насети од која „политичка кујна“ излегуваат, открива Истражувачката репортерска лабораторија Македонија.

Неодамна на пазарот се појави нова фирма „Нет медиа груп“, пишува ИРЛ. Основана е на 5 август, а дејноста е интернет портали. Сопственик на компанијата е Владимир Кошевалиски, лице познато во медиумскиот бизнис како прв сопственик на весникот „Слободен печат“. Кошевалиски досега купил два интернет портала – Локално.мк и Стандард.мк. Во најава е и Ипортал.мк, кој ќе стане дел од групацијата „Нет медиа груп“. Името „Нет медиа груп“ веќе е впишано во импресумите на Локално и на „Стандард“.

Кошевалиски, инаку сопруг на Иванна Хациевска, советничката на премиерот Зоран Заев, потврдил дека станал сопственик на двата портала и рекол нема да застане во окрупнувањето на неговата медиумската мрежа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This