April 25, 2024, 12:35 am

ЕВЕ КОЈ СЕ ВОЗЕЛ ВО МЕРЦЕДЕСОТ: Државници и високи претставници на меѓународни организации го користеле Мерцедесот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Службениот мерцедес С-класа со регистарски ознаки СК 2936 АЦ (задолжен во МВР на РМ), Одделот за заштита на определени личности и објекти го има користено како главно возило за високи гости-странски делегации при нивната посета на Република Македонија, а кои се обезбедуваат со прв и втор степен на безбедносни мерки на обезбедување (претседатели на држави, премиери на влади, заменици претседатели, заменици претседатели на влади, министри, и др.).

Автомобилот за високи странски делегации бил користен 15 пати. Прв пат при посетата на посетата на поранешниот генерален секретар на ОН Бан Ки Мун во јули 2012 година. Во септември истата година Мерцедесот бил користен при посетата на екс комесарот на ЕУ за проширување Штефан Фуле. Еден месец подоцна се користел за посетата на тогашниот претседател на Србија Томислав Николиќ.

Во 2013 година службеното возило се користело при повеќе посети. Посетата на Ивица Дачиќ српски премиер, претседателите на Словенија, Хрватска и Полска – Борут Пахор, Иво Јосиповиќ и Бранислав Коморовски, заменик претседателот на С.Р.Виетнам Нгуан Ти Доан, и премиерот на Унгарија Виктор Орбан.

Во 2014-та година службеното возило било користено при посетитите на Ивица Дачиќ, Евнгелос Венизелос, генералниот сектетар на НАТО Расмунсен, претседателот на канадското собрание Ендру Шер, на хрватскиот премиер Зоран Милановиќ како и на турскиот Ахмет Давитоглу.

Ова возило исто така често се користи и во сличаи кога блендираните возила со кои се превезуваат личностите, кои што согласно Уредбата за обезбедување се под постојано обезбедување, се во неисправна состојба.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This