Еве кој ќе ги наследи милионите на Џорџ Мајкл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако Џорџ Мајкл изненадно починал во неделата на 53 години, медиумите веќе почнале да шпекулираат кој ќе го наследи неговото огромно богатство.
Како што пишува Daily Mirror, се очекува најголемиот дел од имотот на славниот пејач, кој се проценува на 100 милиони фунти, да оди кај децата на неговите пријатели, на кои Мајкл им бил кум.

george-michael-nasledstvo-01

Пејачот им бил кум на Романа и Харли Мун Кемп, децата на Мартин Кемп, басист на групата “Spandau Ballet”. Се очекува дел од парите да наследи и Блубел, ќерка на поранешната “спајсица” Гери Халивел, која е кума на поранешното на момче на Мајкл, Кени Гос.


Пејачот долги години бил соработник со бројни хуманитарни организации, кои исто така би можеле да добијат дел од богатството на Мајкл.


Мајкл поседувал и најмалку четири имоти – куќата во Оксфордшир каде што умрел, вилата во Лондон и раскошните куќи во Њујорк и Сиднеј.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This