April 20, 2024, 11:16 am

Еве кoи гpyпи нa гpaѓaни тpeбa дa пpoдoлжaт дa нocaт мacкa дypи и aкo ce ykинe кaкo мepкa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Носењето заштитна маска беше една од првите препораки кои се воведоа кога настана кризната пандемиска состојба. 

Денеска, имаме околу 400 активни случаи, а 7 градови се веќе „ослободени“ од коронавирусот. Се укина мерката за носење маска на отворено, а сегашната ситуација ветува дека нештата се под контрола – иако знаеме дека овој вирус може да биде доста непредвидлив. 

Значаен дел граѓани веќе имаат примено барем една доза од ковид-вакцините кои се на располагање во Македонија. 

Сепак, се препорачува оние кои не примиле ниедна доза се уште, да продолжат да ја носат маската дури и кога се разминуваат со поголема група на луѓе. Истото важи и за граѓани кои имаат акутни сезонски или пак хронични респираторни заболувања, дури и алергии, бидејќи падот на имунитетот создава одлична средина за оджување на вирусот жив и пренослив.

Како што знаеме, во Грција е регистриран најмалку еден случај на бразилската мутација, а во Велика Британија веќе има повеќе потврдени случаи на индиската.

Иако моменталната епидемиолошка состојба во Македонија е значајно подобра од пред неколку недели, тоа не значи дека сè е готово и дека можеме целосно да се релаксираме од досегашните мерки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This