ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ДРАГИША МИЛЕТИЌ: Цел ден вчера и денес молел во ВМРО-ДПМНЕ, па во СДСМ, а вечерва е на таен состанок!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голема врева се крена вечерва на Бихаќка откако партиското раководство дозна дека Зоран Заев го поканил Драгиша Милетиќ во коалицијата на опозициски партии, што меѓу членството во СДСМ се смета за еднакво на предавство

dragisa_miletic

Како што дознаваме, за малку бил избегнат инцидент на Бихаќка кога го виделе Милетиќ во просториите, а оние кои не биле присутни како професорката Ана Павлова – Данева, екс-пратеничката Весна Бендевска, Ивор Мицевски, Дејан Тодоровски и други видни членови на СДСМ остро реагираа револтурани од одлуката на Заев за која претходно не се консултирал со никого.

Драгиша Милетиќ кој благодарение на неговата коалиција со ГРОМ на Стевчо Јакимовски стана директор за маркетинг во ЕЛЕМ и си ги вработи двата сина, вчера во два наврати (во едниот го испратил синот) буквално молел во ВМРО-ДПМНЕ за подобра позиција како член на владеачката коалиција. Откако тоа не успеало, денес Милетиќ отишол да моли и во СДСМ, од каде што во очај Заев го прибрал (имајќи во предвид дека коалицијата му се распаѓа).

Но, она што е најинтересно е дека вечерва Милетиќ откако под закана за безбедноста излегол од штабот на СДСМ, отишол на тајна средба во еден познат скопски хотел, со претставници на владеачката коалиција кои не се од ВМРО-ДПМНЕ.

За среќа, очигледно сите ја знаат ниската вредност на „партијата“ на Милетиќ.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This