ЕВЕ ЈА ПРИЧИНАТА: Зачленувањето на Македонија во НАТО во декември е под знак прашалник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зачленувањето на Македонија во НАТО во декември е доведено во прашање поради тоа што е неизвесно дали Шпанија ќе успее да формира Владата.

Обидот на в.д. премиерот Педро Санчез (од Социјалистичката партија) да формира коалициска влада со левичарската ПОДЕМОС не успеа пред два дена, со што опцијата за одење на нови избори станува се поизвесна. Санчез доби поддршка од само 124 пратеници во 350-члениот шпански парламент, што е далеку од неопходното апсолутно мнозинство за влада.

Сега Кралот Фелипе Шести, откако ќе разговара со сите парламентарни партии, мора да реши дали ќе ја обнови процедурата за формирање влада пред 23 септември, кога по сила на закон би се распуштил парламентот, или Шпанија ќе оди на нови избори на 10 ноември.

Ако се оствари сценариото за нови избори, тогаш пристапниот протокол за Македонија нема да може да биде ратификуван до 3 декември за кога е закажан Самитот на НАТО. Во таков случај земјава ќе треба да почека формализирање на членството на почетокот на 2020 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This