ЕВЗОНИ СЕУШТЕ ЗАТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ: Состојба на патиштата од утринава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Премините Меџитлија (Битола) и Дојран се отворени за сообраќај. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 20 -до 30 метри има на патниот правец село Лисец – Попова Шапка.

agrotes_promaxonas11

Патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен, е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон на сите четири тркала.

Сеуште е во прекин и сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола поради свлечиште и се пренасочува преку градот Битола.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This