Евровизија се зakaни дека ќе ја диckвалификува Белорусија доколку не го промени насловот на пријавената песна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објави дека песната што Белорусија ја пријави на овогодинешниот „Избор на песна на Евровизија“ не ги исполнува критериумите на конкурсот и ја доведува во прашање аполитичката природа на фестивалот. Од белорускиот радиодифузер се бара да ја прилагоди песната според правилата на натпреварот или да избере нова песна.

Песната „Ќе те научам“ од групата Галаси ЗМеста, која беше известена од белорускиот радиодифузер БТРЦ за годинашниот „Избор на песна на Евровизија“ во Ротердам, беше објавена на официјалниот канал на Јутјуб на натпреварот на 9 март.

Набргу по објавувањето, песната наиде на негативни реакции и критики од љубителите на фестивалот бидејќи, како што изјавија, имала двосмислен текст што има политичка конотација.

Според Ројтерс, песната била позитивно оценета од 5.800 корисници на ЈуТјуб, додека повеќе од 40.000 од половина милион луѓе што ја слушале песната дале негативен рејтинг.

Западните медиуми јавуваат дека учеството на оваа песна на „Евросонг“ ќе им даде легитимитет на белорускиот претседател Лукашенко и неговиот режим, кои опозицијата ги обвинува за кражба на претседателските избори одржани во август 2020 година.

„Песната ја доведува во прашање аполитичката природа на натпреварот“
ЕБУ објави дека внимателно ја анализирале песната во рамките на редовната постапка пред натпреварот со цел да се осигурат дека таа ги исполнува критериумите за учество на „Евровизија“.

„Беше заклучено дека песната ја доведува во прашање аполитичката природа на натпреварот. Покрај тоа, неодамнешните реакции на предложената песна на конкурсот го доведоа во опасност угледот на „Евровизија“, се вели во соопштението на ЕБУ.
Се додава дека ЕБУ го известила белорускиот радиодифузер дека песната во сегашната форма не ги исполнува критериумите за учество.

„Баравме да се преземат сите неопходни чекори за испраќање на модифицирана верзија или нова песна што е во согласност со правилата на „Евровизија“. Неисполнувањето на условите може да доведе до дисквалификација од натпреварувањето годинава“, објави Европската унија за радиодифузија.

Покрај тоа, EBU ја отстрани песната од официјалната веб-страница и каналот на YouTube.

Белорускиот радиодифузер БТРЦ не се огласи по овој повод, а член на групата, Дмитриј Бутаков, за белоруските медиуми изјави дека го чека официјалниот став на БТРЦ, но дека нема намера да ги менува стиховите пренесува РТС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This