ЕВРОКОМЕСАРОТ ВАРХЕЈИ ГО СПОДЕЛИ НА ТВИТЕР ИНТЕРВЈУТО НА НИКОЛОСКИ: Унгарецот, вели дека ќе се обиде да ги исполни очекувањата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји преку социјалните мрежи го сподели интервјуто на Република со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Во интервјуто, Николоски вели дека Вархеји е голем пријател како на партијата така и на Македонија, и дека очекува големи успеси за време на неговиот мандат.

Многу пофални пораки. Се надевам дека ќе успеам да ги исполнам очекувањата. Среќен сум што ќе соработуваме. Важно е да работиме заедно, порача Вархеји, споделувајќи го интервјуто на Република со Николоски.

Николоски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ има одлична соработка со унгарската владејачка партија Фидеш, од чии редови доаѓа Вархеји, како и со Унгарија во целина и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го користи ова пријателство во интерес на Република Македонија.

Господинот Вархеји е голем пријател на Република Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ. Одличното пријателство помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и партијата ФИДЕС од Унгарија треба да се искористи како и долгогодишното пријателство и соработка помеѓу Македонија и Унгарија. Ова е огромна шанса за Македонија и за прв пат имаме голем пријател на позиција еврокомесар за проширување. Мислам дека мора да го искористиме пријателството и неговата желба да ѝ помогне на Македонија. Очекуваме еден близок пристап и поддршка во патот на евроинтеграциите на Република Македонија. Господинот Вархеји е добро запознаен со состојбите во регионот и политичката ситуација во Македонија. Се работи за еден исклучително посветен комесар кој што од самиот почеток влегува амбициозно во целата оваа работа и заедно со негова поддршка се надеваме на почеток на преговори и на тоа дека ќе успееме брзо да ги завршиме преговорите за членство во ЕУ и во блиска иднина Македонија да стане земја-членка на ЕУ, изјави Николоски во интервјуто за Република на англиски јазик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This