Еврокомесарот Гир: Картата за во ЕУ се реформите, cекој реформски чекор е чекор поблиску до ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Евроамбасадорот Дејвид Гир во гостувањето на телевизија Сител истакна дека Македонија си ја заврши „домашната задача“ и ЕУ мора да испорача, но дека исто така мора да с завршат и реформите во земјата.

„Сакаме да почнеме преговори кои се всушност стартната линија. Но, картата за во ЕУ се реформите. Секој реформски чекор е чекор поблиску до ЕУ, изјави евроамбасадорот Гир.

Тој порача дека треба да продолжиме да го туркаме процесот и да стигнеме до целта, за да ги почнеме преговорите бидејќи очекувањта дека Македонија ќе добие датум во октомври се реалистични

„Како што кажав португалското претседателство работеше напорно, Словенија потенцираше дека ова и е приоритет и ќе ја продолжи работата и мислам дека сите разбираме дека треба да продолжиме да го туркаме процесот за да стасаме до целта и да ги почнеме преговорите, нагласи Гир.

Евроамбасадорот Гир, вели дека тоа што не се оспорува е европската перспектива на Македонија и истакна дека е разочаран што земјава повторно не доби зелено светло за преговарачката рамка.

Во однос на критиката од премиерот Зоран Заев дека „Европа има проблем кој произлегува од самата Европа Унија“, Гир нагласи дека политиката на проширување и одлуките на тоа поле се носат едногласно.

– Тоа се правилата на играта и треба да ги разбереме, затоа што ние тука зборуваме за канење на трета земја да дојде во клубот, да седне на масата и да носи одлуки. Темата е важна. Но, каде сме? Имаме констурктивен предлог од португалското претседателство кое има за цел да го придвижи процесот. Одреден напредок е постигнат и мора да продолжиме до целта, а истовремено има конструктивни дискусии меѓу Софија и Скопје, рече Гир, порачувајќи дека треба да се фокусираме на реалните можности, а тие, како што рече, се во рамките на португалскиот предлог за кој напорите ќе ги преземе Словенија со новото претседателство наскоро и истовремено билатералните односи меѓуМакедонија и Бугарија за да се постигне напредок.

Според него Македонија и Бугарија треба да продолжат со дијалогот за да може ЕУ да види решение за проблемот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This