April 26, 2024, 10:26 am

ЕВРОПАРЛАМЕНТОТ БАРА ДА СЕ ПРЕКИНЕ ПРОЕКТОТ СЕВЕРЕН ТЕК 2: Изгласана е резолуција за прекин на изградбата на гасоводот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европскиот парламент на пленарната седница во Стразбург гласаше за резолуцијата за политичките односи помеѓу Русија и ЕУ која се однесува и на стопирање на проектот „Северет тек 2“, како и на можноста за проширување на дијапазонот на санкции и ограничување на пристапот на Русија до финансии и технологија. Резолуцијата исто така предвидува дека Русија повеќе не е стртешки партнер.

Резолуцијата беше изгласана со 402 пратеници ЗА, и 163 ПРОТИВ, додека 89 беа воздржани.

Резолуцијата содржи и апел на Европската комисија и европската дипломатска служба под итно да го разгледаат законодавниот предлог за законот за глобалниот режим на cанкции на ЕУ за заштита на човековиет права. Овој закон доколку биде усвоен ќе овозможи забpана за визи и други конкретни caнкции како блoкиpање на имот према одредени лица и слично.

Текстот објаснува зошто „Северниот тек 2“ ја зголемува зависноста на ЕУ од испораката на руски гас, и го загрозува внатрешниот европски пазар, како и дека не е во согласност со политиката на ЕУ и нејзините стратешки интереси поради што проектот мора да се запре.

Наведено е исто така дека Русија не може да се смета за стратешки партнер.

Моменталните несогласување меѓу Русија и ЕУ не им одговараат на интересите и на двете страни, дијалогот треба да се продлабочи и покрај различните ставови бидејќи нова поделба на силата на континентор ја загрозува безбедноста и на ЕУ и на Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This