ЕВРОПА ВОСПОСТАВУВА ДИЈАЛОГ СО ВЕНЕЦУЕЛА: Специјална претставничка на ЕУ за надворешна политика и бeзбeднocт на средба во Каракас!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаса во Каракас ја прими Вероника Лоренсо, специјалната пратеничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, јавува Анадолија (AA).

Ареаса ја прими Лоренсо во седиштето на Министерството, а потоа соопшти дека тоа бил долг и интересен состанок.

Тој наведе дека на состанокот станало збор за воспоставувањето на национален дијалог во Венецуела, со кој би се барало решение за актуелната криза, и тоа во рамките на постоечкиот Устав и без поставување на предуслови од која било страна.

Тоа беше една од првите средби на еден официјален претставник на Венецуела со претставник на Меѓународната контакт-група што водечките европски и латиноамерикански земји ја организираа за оваа земја.

Претходно, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини и претседателот на Уругвај, Табаре Васкес, најавија дека првиот состанок на Контакт-групата за Венецуела ќе се одржи денеска во Монтевидео.

Во соопштението се наведува дека тоа ќе биде состанок на министерско ниво, на кој ќе се разговара за актуелната политичка криза во Венецуела.

Меѓународната контакт-група за Венецуела ја формираа осум членки на Европската Унија (Франција, Германија, Италија, Холандија, Португалија, Шпанија, Шведска и Велика Британија) и латиноамериканските земји Боливија, Костарика, Еквадор и Уругвај.

Цел на оваа група е давање придонес во воспоставувањето на мирен политички процес за решавање на венецуелската криза и овозможување слободни избори во земјата.

Венецуела од почетокот на годината се наоѓа во длабока политичка криза, која се отсликува со тоа што опозицијата не го признава избраниот претседател на државата, Николас Мадуро, додека Мадуро ја обвинува опозицијата дека со поддршка на САД, се обидува да изврши државен удар во земјата.

Тензиите дополнително пораснаа кога Гваидо, претседателот на венецуелскиот Парламент, на 23 јануари се прогласи за привремен претседател на земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This