ЕВРОПА Е НА КОЛЕНА:„Пристигнува Божјата ка3на, кој сега ќе го направи ова ќе биде спаcен!“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Време е…
Отец Џејмс Манјакал, светски познат каризматик во ова време им испратил писмо на европските народи кои го отфрлиле Бога. Неодамна имал визија на иднината на Европа поради која се расплакал. Неговите зборови биле овие: Видов како уби ваат деца и разни мачења, страшно!
Отец Џејмс ги преколнувал народите на Европа да почнат да се молат, да основаат заедници за молитва, групи за молење. Ги повикал христијаните и сите кои се чувствуваат повикани да го евангелизираат и прокламираат Исус на секое место.

Негова задача е да оди по земји и да го подготвува народот на Европа на прогон.
„Разбуди се, инаку сите ќе пропаднеме“, рекол отеџ Џејмс укажувајќи на знаковите на времето на кои мораме да обрнеме внимание!

„Време е Европа да се разбуди и врати на Господинот Исус кој е единствено засолниште и помош. Треба да знаете дека до неодамна ова беа католички и христијански земји. Сега во тие две земји на неделна миса не оди ниту 4% од населението, а тоа е минимално барање за христијанскиот идентитет. Има многу некрстени деца, голем број мажи и жени живеат заедно вон брак, мал број луѓе оди на исповед или прима други сакраменти, а семејната молитва не постои! Вистина е она што го рекол пророкот Еремија „го напуштија Бога,извор на животот“. Разводи, истополни заедници, абортуси, еутаназија и секој друг облик на неморал се легализирани во тие земји! Тие се како Содома и Гомора! Меѓу нивното население нема ниту страв од Бога ниту од човек. Господинот сигурно не е задоволен ниту со тоа а ниту со други слични земји. Мислам дека пристигнува Божјата казна и одмазда.

Сега е време лицата кои се на власт а и на севкупното население на тие земји да ги сврти своите очи во Господинот и да почне да го повикува Неговото Име, бидејќи секој кој ќе го предизвика Името Божие ќе биде спасен. Време е за покајување и промена на однесувањето и обликот за живот во склад со Божјата волја.Господинот говори:„Вратете ми се мене и јас ќе ви се вратам вам“. Нашиот Бог, Исус, е милосрден и нежен. Кога после повикот на Ноа Нинивјаните се покајале и Бог се покајал и го променил својот план да ги уништи.

Време е христијанска Европа да се разбуди и врати на корените на својот живот и култура, а тоа е ХРИСТ и христијанството. Таа треба да се откаже од ладнотијата, млакоста и рамнодушноста кон Христ и црквата кои единствено имаат договори и решенија за проблемите на денешницата. Ако Европа ја признае својата вера во Христ победникот, Тој ќе застане зад Европјаните и ќе ги докрајчи нивните сегашни непријатели.
Исто така е време и политичкото водство на Европа да се обедини во Христ во борба против непријателот. Жално е што Европа е разединета, непријателот ги користи тие поделби.
Се молам Европа да се обедини во верата во Христ и Црквата и да расте во мир и благосостојба. Сакам и се молам сите европски христијани да ја сознаат силата на Христ, неговиот Спасител и Господин. Нека Марија, мајката на Исус и Кралицата на Европа моли за спас на Европа“, му рекол отец Џејмс Манјакал на светот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This