ЕВРОПА КАКО БАЗА ЗА НУКЛЕАРКИ: САД распореди модерни нуклеарни бомби низ цела Европа?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД има намера на претстојниот самит на НАТО, кој треба да се одржува од 11 до 12 јули во Брисел, да предложи на европска територија да бидат распоредени модернизирани нуклеарни бомба, дознава РИА новости од неименувани извори.

Како што вели изворот, бомбите потоа ќе бидат распоредени во воени бази во неколку европски земји.

“САД ќе предложи да се распоредат нуклеарки во воените бази во текот на следните неколку години, и тоа модернизирани. Се очекува ова прашање да биде на дневен ред на претстојниот самит на НАТО “, рече тој.

Според него, станува збор за трансформација на проектилите B61 кои ги има во многу европски од почетокот на 60-тите години на минатиот век – во Германија, Холандија, Италија и Турција.

Овие бомби ќе го добијат новото име B61-12 и ќе бидат опремени со GPS системи за насочување.

Инаку, Америка ја тестира оваа бомба за првпат во јуни, а за целосна модернизација е подготвена да плати 25 милијарди долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This