April 26, 2024, 11:31 pm

ЕВРОПА НЕ БАРА, АМА НИЕ ЌЕ ГРАДИМЕ: ЕУ не бара бегалски кампови од Македонија, но сепак институциите се подготвуваат?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЕУ не побарала од Македонија да изгради бегалски кампови на своја територија, но Владата е подготвена да и помогне на Унијата доколку се појави нова миграциска криза. Премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја појасни позицијата на неговиот кабинет во врска со македонската партиципација во овој горлив европски проблем.

– Нема никакви разговори, никој не барал од Македонја бегалски камп. Уште еднаш да напоменеме, Македонија ги следи политиките на ЕУ и НАТО затоа што гледаме дека ќе бидеме членки. Затоа, во координација со нив, во делот на евентуални нови бегалски кризи заедно како и што досега делувавме од 2015, така и сега ќе продолжиме, но никој не барал од Македонија нешто посебно околу бегалски кампови или слично, одговори Заев на новинарско прашање.

Иако Владата упорно инсиститира дека нашата земја може да одигра само транзитна улога за бегалците од Азија и Африка кои го бараат своето парче леб во западна Европа, останува фактот дека повеќе европски претставници упорно ја ставаат токму Македонија на листата на оние кои би примиле мигранти на своја територија, а според извори на Алфа веќе има и конкретни локации на кои би биле иградени нови прифатни центри.

Инаку лидерите на ЕУ, рано утрото по речиси десет часа напната дискусија во рамки на Самитот во Брисел се согласија да им дозволат на земјите-членки “доброволно” да одлучат дали ќе ги исполнат и почитуваат најконтроверзните клаузули од договорот за мигранти.

Под притисок на Италија, 28-те лидери се согласија да го реформираат системот за азил со консензус и да вклучат клаузула за сместување мигранти во земјите на ЕУ на доброволна основа. Дел од договорот дава можност на Италија и Грција да формираат центри за мигранти на нивната територија, ако тие така изберат. Во овие центри би се одлучувало за барањата за азил.

– Италија е задоволна со договорот, сами ќе одлучиме подоцна дали ќе воспоставиме центри за мигранти на наша територија. Владата ќе ја донесе таа одлука без брзање, од денес Италија веќе не е сама, а тоа е резултат на маратонски преговори – изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Веднаш по состанокот германската влада соопшти дека постигнала договор со Грција и Шпанија за овие земја да ги примат назад оние мигранти кои Германија ќе одлучи дека не ги исполнуваат условите за престој на нејзина територија.

На самитот освен проблемот со мигрантите, решена е и зоната на слободна трговија, Турција доби ветување за нова финансиска помош од три милијарди евра за сместување на бегалци од Сирија а лидерите на Унијата одлучија и да ги продолжат економските санкции кон Русија.

алфатв

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This