ЕВРОПА ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се казнуваат малите месарници, се забранува продажба на колбаси, пача, чварки…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако досега сте се снабдувале со домашни колбаси, со пача, чварки и други традиционални месни преработки од своите проверени локални месари, тоа повеќе нема да биде возможно.

Купувачите веќе не можат да купуваат колбаси, суво месо, чварки, пачи и други специјалитети кои се произведуваат од локалните месарници и се дел од традицијата во нашата, како и во соседните држави.

Според нашите информации, Агенцијата за храна и ветеринарство веќе подолг период им изрекувала ригорозни казни (и до 5 илјади евра) на малите месарници во кои до неодамна сите се снабдувавме со нашите омилени традиционални деликатеси.

Според месарите кои ги прашавме зошто во нивните месарници повеќе ги нема овие производи, Aгенцијата, со изговор дека се грижи за здравјето на купувачите и дека се прилагодува на европските регулативи, всушност врши хајка, забранува и изрекува ригорозни казни, накусо, спроведува мерки со кои го уништува производството и бизнисите на локалните месарници во државава.

Истото, велат тие, се одразува и на домашното производство на свинско месо од причина што повеќе од 70 отсто од квалитетното свинско месо се продава токму во овие мали месарници, a сушените производи се произведуваат од свежо свинско месо.

„Не сакаме да зборуваме јавно затоа што се плашиме да не си навлечеме уште поголема белја, но купувачите ги препознаваа и се уште ги бараат нашите производи како високо квалитетни, иако се поскапи во однос на индустриски произведените слични производи кои се прават исклучиво од увозно, замрзнато свинско месо кое секогаш е со сомнителен квалитет. Со овие мерки се доведува во прашање натамошната егзистенција на нашите продавници, кои вообичаено ја работат оваа работа со генерации, од колено на колено.

Ние и онака едвај опстануваме во борбата со големите супермаркети и големите домашни фирми кои имаат поголем број на продавници и продаваат поефтино, најчесто увозно и месо со послаб квалитет од домашното месо.

За разлика од Македонија, во сите соседни земји, па и во земјите-членки на ЕУ не постои пример каде се забранува, казнува и оневозможува продажба на квалитетни домашни производи, произведени од домашно свежо месо“, велат тие.

 

Повеќе на АртКујна.мк

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This