ЕВРОПА ПРОПАЃА ПОД АФРИКА: Причината за земјотресите во студија направена во 2011 година, предвидуваат промена на тектонските движења!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјотресите кои го тресат Балканот и поширокиот регион на Југоисточна Европа се смета дека е почеток на нова зона во која се судираат Евроазиската и Афричката тектонска плоча. Евроазиската плоча е 85% копнена маса со доста недефинирани гранични региони на јужната граница која ја поврзува со Африканската, Индиската и Австралиската тектонска плоча. Континентите се конвергираат и многу милиони години северниот крајна Африканската тектонска плоча потонува под Европската – стои во студијата на направена во 2011 година од страна на „The Watchers“ организација која се занимава со сеизмологија во светски рамкиturkeymap

Геолошките карактиристики кои се сретнуваат денес во Медитеранскиот регион потекнуваат од два главни процеси: тектонското изместување предизвикано од пропаѓањето на Африканската тектонска плоча под Евроазиската и прогресивното затворање на Медитеранското море што предизвикува серија на подводни островски прагови.

Развојот на Медитеранскиот басен започнува со одвојувањето на праисторискиот суперконтинент Пангеа во Месозоикот. Тогаш морските ширењето на морските подови го предизвикале формирањето на Атлантскиот океан во Тријасниот период, кога се одвоени Африканската и Евроазиските тектонски плочи од Северноамериканската. Ширењето на морското дно во друга локација го поттикнао и создавањето на океанот Тетида кој ги одојувал Африканската од Евроазиската плоча. Во доцниот Кретски период, Африканската и Евроазиската плоча почнале со конвергирани, затворајќи го басенот на океанот Тетида, а останките од тој океан денес се наречени Медитеранско море.conv_cont_cont-e1302644337144

Јонското море ги доживува најголемиот број на потреси во централниот Медитеран. Јонската длабинска рамница во овој регион е карактеризирана со различни региони кои потонуваат подлабоко во земјината кора, што генерално значи поголема актинвност од соседните региони, што пак се гледа преку зголемувањето на планинските маси во Алпинскиот регион и во Кватернерниот крајбрежен блок. Хеленскиот ров (тектонска неправилност поврзана со конвергентната активност на Медитеранскиот гребен) започнала во Миоценот и продолжува до денес.

Ладните, густи карпести маси под Медитеранското море во крајниот север на Африканската тектонска плоча пропаднале под Евроазиската тектонска плоча врз која лежи Европа. Но, Африканската копнена маса е премногу лесна за да ги следи трендовите на пропаѓање. Спората конвергенција од неколку центиметри годишно била запрена поради судирот на двете плочи подалеку источно во Турција, а потоа поради фактот дека Африканскиот контиент има лесна копнена маса запрен е процесот на пропаѓање. Како резултат на тоа, делови од Африканската тектонска плоча која не била пропадната под Евроазиската се отцепени и пропаѓаат длабоко во центарот на Земјата. Поради ова се гледаат и стари вулкански активности јужно во близина на Африка со приближна земјотресна активност од само неколку стотини километри.

На другата страна, делови од Евроазиската плоча се повлечени јужно низ Медитеранот, како Балерските острови, Корзика и Сардинија. Истата активност се случува со Крит. Компјутерскиот модел предвидува дека на крајот на сето ова ќе започне иницијација на обратна конвергенција од минатото, односно пропаѓање на Евроазиската плоча под Африканската. Дополнителни докази доаѓаат од обсервациите на земјотресите.hellenic_arc_600

Тсунамични земјотреси во Медитеранот се забележани но со помал интензитет од оние во Пацифичкиот прстен. Со максимална магнитуда од 8 е забележан само еден земјотрес кој предизвикал цунами што предивикало уништување на Хераклион и Александрија во 1303 година. Точната локација на епицентарот не е позната но се претпоставува дека бил некаде помеѓу Крит и Александрија. Овој земјотрес предизвикал голема штета во поширокиот регион вклучително на Крит, Пелопонез, Родос, Каиро, Дамаск, Антиохија, Кипар, а бил почувствуван дури и во Константинопол, а сосема возможно дури и во Тунис. Во тектонски активен регион, Земјената кора е подложна на екстремни сили кои предизвикуваат деформација. Во случајот со Грција на пример, регионот буквално се одвојува (се шири), и ова ширење може да се види преку топографијата. Најголемиот дел од рововите се наоѓаат во насока Север-запад Југ-Исток, што е паралелно со правецот на ширење (Грција се шири Северо-Источно кон Југо-Запад).tectonic_map_mediterranean_en_svg-e1302645476210

Главните сеизмички региони во Европа се асоцирани со активните маргини помеѓу Јужна Европа и Африка. Африка притиска северно во Европа предизвикувајќи зона на судир. Медитеранот е поделен во бројни микро-плочи кои формираат зони на пропаѓање, континентални тектонски судирни зони и конзервативни рововски зони. Како што Африка притиска северно кон Европа, дното на Медитеранот пропаѓакон центарот на Земјата предизвикувајќи пукнатини во земјината кора. Главните региони на вуланнизам се во јужна Италија и Грција. Земјотресните активности се случуваат од Турција до Шпанија.sfs_41a-e1302646291243

Вулканите во Медитеранот се поексплозивни и потенцијално поопасни за луѓето. Везув и Санторини одеднаш силно еруптирале уништувајќи ја нивната околина и целосната популација.

 

 

 

 

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This