April 19, 2024, 11:13 pm

Европа скапо ќе плати за фијacкото на САД во Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европа ќе плати за поразот на Соединетите Американски Држави во Авганистан, изјави сенаторот Алексеј Пушков.
„Повеќе од три милиони мигранти што го напуштија Авганистан, и за кои зборува шефот на Европската комисија, ќе одат токму таму“, напиша Пушков на Телеграма.
Според него, САД постојано се впуштаат во долги војни, а европските земји прифаќаат бегалци и се занимаваат со нивно одржување.

„И тогаш Европа уште еднаш недвосмислено ќе поддржи уште една американска воена авантура“, заклучи Пушков.

Претходно, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека речиси 3,7 милиони луѓе се сметаат за внатрешно раселени лица во Авганистан, а околу 80 проценти од нив се жени и деца.
Талибанските милитанти влегоа во Кабул на 15 август без борба и воспоставија целосна контрола над главниот град на Авганистан за неколку часа. Авганистанскиот претседател Ашраф Гани објави дека ја напушта земјата за да спречи крвопролевање. Потпретседателот на земјата, Амрула Салех, изјави дека во отсуство на шеф на државата, според уставот, тој станува вршител на должноста шеф на земјата, и повика на вооружен отпор кон Талибанците. Западните земји ги евакуираат своите граѓани и вработените во амбасадата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This