Европа ја зakoпа Владата на Заев: Бара Македонија да излезе во пpeсрет на Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји побара од Северна Македонија да вложи дополнителни напори и да излезе во пресрет на загриженоста на Бугарија за да се најде решение прифатливо за двете страни, на денешната седница на комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент.

Вархеји смета дека тоа е „прашање на политичка волја, ангажирање и одлучност“, и изрази подготвеност Европската комисија да помогне во пронаоѓање на решение. Исто така, еврокомесарот предупреди дека се сè помали шансите Северна Македонија и Албанија да ги почнат пристапните преговори со ЕУ годинава.

„Се надевам, но за жал, сè помалку е извесно дека оваа година можеме да ги усвоиме преговарачките рамки. Во таа смисла, вложуваме напори со германското претседателство со Советот на ЕУ“, кажа Вархеји.

Но, тој вели дека на тој начин „ЕУ ризикува да стане неверодостојна во исполнувањето на ветувањата кои ги дала кога одлучивме да отвориме преговори со тие земји“.

ЕУ во март едногласно одобри почнување преговори за членство со Северна Македонија и Албанија и првата меѓувладина конференција требаше да се одржи во декември годинава. Последниот состанок на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, кој носи одлука околу почеток на преговорите, ќе се одржи на 8 декември.

Во денешната анализа  на Политико“ по повод една година од работата на Европската комисија под водство на Урсула фон дер Лајен, се вели дека многу дипломати го обвинуваат Вархеји дека е многу мек кон Софија по прашањето на бугарската блокада за Македонија. Сепак, повеќето сметаат дека главниот проблем е што Европската народна партија (ЕНП), алијанса на десните партии, не е доволно тврда со бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија партија ГЕРБ е членка на ЕПП.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This