ЕВРОПОЛ ПРЕДУПРЕДУВА: Преку 30.000 терористи во Европа спремни на војна – највеќе на Западен Балкан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на ЕВропол Роб Вајнрајт изјави во Софија дека околу 800 луѓе од Западен Балкан се бореле на страната на Исламска држава во Сирија и Ирак и предупреди дека околу 30.000 потенцијални терористи се наоѓаат во Европа.

Вајнрајт на отворањето на состанокот на Европол, кој се одржува во рамки на бугарското претседавање со Советот на ЕУ, предупеди дека на Бугарија и на сите други европски земји им се заканува тероризам.

Според него, главните закани за Европа се експанцзијата на терористички активности, како и сајбер закани и криминални групи кои постојат во некои држави.

„Се надевам дека ќе се намалт заканите, но во многу земји радикализираните групи прилично се активни и ние ги зајакнавме капацитетите и им отежнавме на терористите да ги извршуваат своите активности“ нагласи Вајнрајт.

Европол минатата година спроведе околу 1.600 акции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This