ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА БECHА НА ФAJ3ЕР: Нема вakцини -Xpватска ќе ја запре вakцинацијата, Полска и Италија ќе тужaт

Поврзано

- Advertisement -

Најголем број од земјите од ЕУ добиле за половина помалку од договорените количини

Некои се снаоѓаат со итно одобрување на оксфордската и руската вакцина

- Advertisement -

Хрватска ќе ја прекине вакцинацијата против ковид-19 поради недостаток на вакцини, најави денеска директорот на хрватскиот центар за јавно здравје Крунослав Цапак.

Тој рече дека, иако на почетокот им биле дадени поголеми количини од „Фајзер“, тие сега се намалуваат и преостанатите дози ќе се чуваат за оние кои треба да примат втора доза.

Освен од „Фајзер“ помала количина вакцини добиле и од ветените 11 000 од „Модерна“ од каде најавиле доцење во доставата од една недела.

Во меѓувреме, единствена надеж им е вакцината од „АстраЗенека“ која треба да биде регистрирана на 29 јануари, по што ЕК ќе ја дистрибуира.

Тужби

Полска и Италија најавија дека ќе ја тужат „Фајзер“, бидејќи не им се доставени договорените количини вакцини.

Во Полска во понеделникот биле испорачани 176 000 дози вакцини на „Фајзер“, или за половина помалку од договорената количина, додека останатите најверојатно ќе стигнат до средината на февруари.

По сето ова, Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија што е причината за повторното одложување на доставата за ЕУ најавено за следната недела.

Компанијата пред десетина дена ненадејно соопшти дека ќе го забави доставувањето на дози од вакцината која се користи во најмногу земји во светот, поради проширување на производствените капацитети во фабриката во Белгија.

По острите реакции од ЕУ и од повеќе европски земји кои најавија дека ова ќе го наруши процесот на вакцинација, компанијата соопшти дека повеќе нема да има одложувања во испораката на вакцини против коронавирусот.

Според најавениот план за достава, испораката на вакцината ќе биде помала за 15 отсто оваа недела, а следната за 30 проценти.

Романија ќе добие само половина од планираното количество оваа недела, а испораката ќе се зголемува постапно, па дури кон крајот на март Букурешт ќе го добие договореното количество.

Чешка како и Хрватска најави дека ја забавува кампањата за вакцинација, а проблем поради намалените испораки на вакцината на „Фајзер“ имаат и Канада и Швајцарија.

Данскиот Институт за серум соопшти дека 50 отсто помалку дози оваа недела ќе доведе до намалување за 10 проценти во првиот квартал од годинава.

Унгарија денеска издаде прелиминарно одобрување за користење на вакцините против коронавирус на „АстраЗенека“ и руската „Спутник Ви“.

Од ЕК денеска истакнаа дека членките на ЕУ можат независно, индивидуално да преговараат за набавка на вакцини што не се вклучени во европската стратегија за имунизација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This