ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ХРВАТСКА: Говорот на омраза во Хрватска во пораст

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Говорот на омраза и расистичката реторика се зголемува во Хрватска, главно насочена кон Србите и Ромите, ја предупреди Европската комисија, Советот на Европа против расизмот и нетолеранцијата.

Во извештајот објавен во вторникот од страна на Советот на Европа против расизам и нетолеранција, вели дека говорот на омраза е во пораст во Хрватска и ги критикуваше властите за нивниот несоодветен одговор.

“Извештајот – кој ги анализира законодавните прашања, расистичкиот и хомо-трансфобичниот говор на омраза, насилството и политиките за интеграција – бележи пораст на национализмот, особено од младите, кој честопати е во форма на пофалба на фашистичкиот усташкиот режим од времето на Втората светска војна” се вели во соопштението на Советот на Европа против расизам и нетолеранција.

Најголем дел од говорот на омраза е насочен кон Србите, ЛГБТ луѓето и Ромите, а критика има и за “несоодветниото дговор на хрватските власти за таквата зголемена нетолеранција”.

” Говорот на омраза премногу често не е гонет како кривичен прекршок. Повеќето случаи на говор на омраза и мотивирано насилство од омраза се третираат само како прекршоци”, се вели во соопштението.

ЕКРН, исто така, го пофали донесувањето на Законот за регистрирање на истополовите партнерства.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This