ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЌЕ БАРА СПЕЦИЈАЛЕН СУД: Во новиот извештај на ЕК ќе се бара специјален суд и посилна цензура!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најновиот извештај за напредокот на Македонија кој се очекува да го објави Европската комисија ќе има посебен дел посветен за судството

Evropska_komisija

Според за сега неофицијални информации, во овој дел од извештајот ќе се третира и формирањето на посебно одделение во Основниот суд Скопје 1 кое би требало да се занимава со случаите кои произлегуваат од прислушуваните разговори околу кои е формирано и Специјалното јавно обвинителство. Нашите извори појаснуваат дека формирање на специјален суд не е предлог кој се разгледува бидејки тоа би било во спротивност со Уставот.

Објавувањето на извештајот за напредокот се очелкува во ноември, во очи на предвремените парламентарни избори во декември, кои според евроамбасадорот Самуел Жбогар претставуваат клучен чекор за разрешување на политичката криза во земјава.

Со финансиска помош од Европскјата комисија покриени се 70 проценти од новата опрема за Агенцијата за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги во вкупна вредност од над 800.000 евра. Со опремата се обезбедува постојано 24-часовно снимање на емитуваната програма на радио и телевизиските програмски сервиси.

Слободата на медиумите е дел од итните реформски приоритети чие спроведување ќе биде во фокусопт на посетата на еврокомесарот Јоханес Хан кој пристигнува во Скопје во петок идната недела. Освен со лидерите на политичките партии Хан ќе разговара и со специјалната јавна обвинителка и за сега нема официјални информации дали посебното судско одделение и законите за СЈО кои не поминаа во собрание ќе бидат теми на дискусија.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This