March 29, 2024, 11:20 am

ЕВРОПСКАТА УНИЈА МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ ГАС: Руски гас ќе ја снабдува ЕУ се додека судот во Стокхлом не го раскине договорот со украински „Нафтогас“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот министер за енергетика Александар Новак денес на потпретседателот на Европската комизија задолжен за енергетика Маерк Шефовиќ му пренесе дека тразитот на рускиот гас преку Украина во Европската Унија е сигурен, односно, додека судски не биде раскинат договорот помеѓу руски „Гаспром“ и украински „Нафтогас“, ништо не е загрозено

Шефовиќ денес телефонски го побарал својот колега од Русија за да му ја пренесе загриженоста по одлуката на Стохолмскиот суд во врска со спорот за „Гаспром“ и „Нафтогас“ по повод договорот за транзит на гас.

Судот на 28. февруари од „Гаспром“ во корист на „Нафтогас“ побара 4.367 милијарди долари компеназација поради неиспорачан гас за транзит преку Украина, но имајќи ја во предвид претходната одлука (за договор за испорака на гас), руската компанија ќе треба да плати помалку – 2.56 милијарди долари. „Гаспром“ соопшти дека не е согласен со оваа одлука.

Првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер“ на 2. март изјави дека „Гаспром“ е принуден под итно да започне со процедура за раскин на договорот со „Нафтогас“ пред Стокхломскиот суд за испорака и транзит на гас.

Во саботата заменик претседателот на управата на „Гаспром“ Александар Медведев соопшти дека руската компанија започна процедура за раскинување на договорот за испорака и транзит на гас со „Нафтогас“ пред Стокхломскиот суд.

Европската комисија смета дека трилатерални преговори за гасот во формат Русија – Украина – ЕУ претставуваат ефикасен инструмент за решавање на несогласувањата и спремна е во нив да посредува.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This