ЕВРОПСКАТА УНИЈА ОДБЛИЗУ: Зошто ЕУ одбива да каже дали го поддржува суверенитетот и интегритетот на Македонија? Погледнете во „Европски Патокази“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По подолг период, конечно во Македонија започна да се емитува емисија во која јавноста одблиску ќе има можност да се запознае со процесите во ЕУ и НАТО, како и перспективата на Македонија на патот кон евроатлантската интеграција

boban_han

Во „Европски Патокази“, емисија која се емитува на Алфа ТВ секоја сабота во 18.00 часот, имате можност да го гледате новинарот, дописник за МИА од Брисел и геополитичкиот коментатор Бобан Нонковиќ, како ве води низ начинот на функционирање на Евроатлантските институции, притоа давајќи особен акцент на процесите кои ја засегаат Македонија.

Во последната емисија, гледајте како портпаролката на Европската Комисија одбива да даде јасен одговор за тоа дали ЕУ ја поддржува целовитоста на Македонија во нејзиниот полн суверенитет и територијален интегритет.

Слушнете ја и реакцијата на хрватскиот дописник, но и на вчудоневиденоста на Косовскиот кој вели дека планот на Рорабакер е неизводлив и предизивкува непотребни тензии.

За канонадата од амандмани на грчките и бугарските евро-пратеници со кои лажн се претставија Македонците во Албанија за Бугари, но и барањето името „Македонија“ да биде избришано од секој дел на последниот извештај за Македонија.

Освен ова, ќе можете да погледнете и кратка репортажа од „срцето на теророт во Европа“, Бриселскат населба Моленбек, од каде дејствуваа напаѓачите во Париз.

За следната емисија, која ќе се емитува оваа сабота во 18 часот, очекувајте да го проследите ставот на ЕУ по однос на Албанската платформа, и двојните стандарди на Европската Комисија кога станува збор за осуда за мешањето во суверенитетот на државите од страна на трети држави.

За ЕУ нема ништо спорно во т.н. „албанска платформа“, и фактот што врз основа на тој документ, потпишан во странска држава под покровителство на странски функционери се крои судбината на Македонија.

Ќе имате можност да ја слушнете и реакција на Хрватскиот европратеник Јозо Радош за албанската платформа, но и за односите помеѓу САД и ЕУ по „ефектот Трамп“, како и повеќе теми кои се актуелни и ќе го определат курсот на ЕУ.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This