ЕВРОПСКАТА УНИЈА СО ЈАСНА ПОРАКА: Ако биде нападната, Европската Унија ќе ги брани своите интереси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По наметнатите тарифи од страна на САД за увоз на челик и алуминиум, на крајот на март, ЕУ доби привремено ослободување, кое истекува на 1 јуни, но Европскиот блок инсистираше на постојано ослободување од новите тарифи на Вашингтон.

“Ние, Французите и Европејците, не сакаме трговска војна. Ако сме нападнати, ќе мораме да ги браниме нашите интереси “, рече францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер.

Претходниот ден, комесарот за трговија на ЕУ, Сесилија Малмстром, рече дека не е реално да се очекувас САД да се одлучи да се воздржиод тарифите за стоките од Унијата по истекот на привременото ослободување. Наместо тоа, Вашингтон најверојатно ќе воведе ограничување на извозот од ЕУ, смета Малмстром.

Царините веќе ги доведоа САД и трансатлантските партнери на работ на трговска војна, ЕУ се заканува дека ќе одговори на увозни давачки од САД. Лидерите на ЕУ на почетокот од мај го повторија својот повик за постојан ослободување од царина на ЕУ и ги критикуваа како протекционистички потези на американската администрација. Сепак, американскиот министер за трговија, Вилбур Рос, ги одби барањата на ЕУ за целосно ослободување од царина на САД.

Во март, САД наметнаа царински стапки од 25 отсто на увезениот челик и 10 отсто на увезениот алуминиум.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This