April 16, 2024, 11:06 pm

Европската Унија ќе формира своја вojcka, нeзaвиcна од НАТО со нов концепт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Брисел го прави првиот европски воен концепт – „Стратешки компас ЕУ“, најавува нова стратешка политика но и засилување на самостојното воено делување, независно од НАТО.

Советот на министри ги повика земјите членки на ЕУ да ја разгледаат новата воена стратегија, како би биле во состојба со самостојно делување да се спротивстават на „глобалните закани и безбедносни предизвици“.

Високиот претставник на ЕУ Жозеф Борел вели дека еден од аспектите на првиот европски воен концепт требало да биде постигнување на стратешка автономија на ЕУ, но додава и дека таа се обидува да ја обезбеди сопствената безбедност без поддршка на САД, туку сама да створи услови за обавување на самостојни странски воени мисии – без учество на НАТО.

– На крајот ваквите проекти секогаш го отвораат прашањето, која е разликата ако една членка на алијансата делува под закрила на таа кратеница, или одвоено, неколку земји во рамки на НАТО. Кога некој вели „ајде да правиме европска војска“, тоа би значело откажување од националните амбиции, тоа е прашање на суверенитет, а тоа никој не го сака. Покрај ова, имате и низа на земји кои се многу сериозни, од Полска, која силно се потпира на САД, и не сакаат да го прифатат тој концепт, макар не искрено, вели Александар Радиќ, воен аналитичар.

„Европски одбрамбен компас“, а оваа реченица е добро избрана, бидејќи Европската унија не знае како да се ориентира, и се случува во време кога американските сили доаѓаат преку океанот на најголемата вежба во поблиската историја, која се нарекува „Бранител на Европа“. Американските вооружени сили доаѓаат со своите бригади да покажат кој е, од нивен агол, вистински бранител на Европа. Проблемот на водечките сили на ЕУ е во тоа што не се самодоволни, германската војска, француската војска, па и британската, тоа се големи сили на хартија, но тие не можат да водат самостојна операција без поддршка на сојузниците, објаснува Радиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This