ЕВРОПСКИОТ ПРОЕКТ НЕ ФУНКЦИОНИРА: Изборите во Италија на кои граѓаните гласаа против естаблишментот се уште еден доказ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изборите во Италија потврдуваат дека ЕУ проектот не функционира, велат од УКИП, откако гласачите ги поддржаа партиите кои се против естаблишментот

Во соопштение до јавноста Британската партија УКИП која беше најзаслужна за Брегзит истакна дека: ,, Изборите во Италија додаваат само тежина и аргументи дека Европскиот проект не функционира. Но знаеме кој ќе биде одговорот на ЕУ, нели? Дајте повеќе ЕУ?’’

Ова го напиша партијата на евроскептикот Најџел Фараж по последните резултати од изборите во Италија на кои иако партијата која се спротивставува на естаблишментот Движењето на Петте Ѕвезди го превзеде водството десничарите најверојатно ќе формираат влада на чело со партијата на Берлускони. На изборите добро котираше и евроскептичната партија Северна Лига или само Лига која според прелиминарните резултати има речиси исто гласови колку партијата на Берлускони и најверојатно ќе биде дел од владината коалиција.

Иако како поединечна партијата најмногу гласови доби Движењето на Петте Ѕвезди многу веројатно е дека владеачката коалиција ќе ја формираат десните партии во Италија.

Поранешниот лидер на УКИП, Најџел Фараж беше еден од првите кои и честитаа на партијата која се бори против естаблишментот во Италија. Тој вели ,, Честитки до моите колеги во Европскиот Парламент, Движењето на Петте Ѕвезди, за резултатите кои ги срушија сите очекувања’’.

Поддршка пристигна и од Марин Ле Пен која на својот твитер профил вели: ,, Европската Унија ќе има ужасен ден’’, неколку часа пред изборите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This