ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН НА КОЛЕНА ВО СКОПЈЕ: Нова победа на црвено-црните врз „Монпелје“ во Скопје!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес во последното коло од групната фаза, РК Вардар одигра дуел против европскиот првак, француски Монпелје. Момците на Гарсија Парондо успеаа да дојдат до победа пред својата публика со резултат 33-27.

Oтворивме со одбрана на Милосављев и одлична игра во одбраната, при водство од 1-0 во брза контра беше Дисингер крајно некоректно на него стартуваше Сусли. Судиската двојка веднаш додели црвен картон на ривалот, а нашиот играч беше изнесен на раце од тернот. Моментот со играч повеќе го искористивме максимално двапати погоди Чупиќ. Нашата одбрана беше на ниво, нашиот голман исто така, па серија траеше се до 8.минута кога со голот на Карачиќ поведовме со 5-0. Карачиќ принудно играше на позиција лев бек, поради немањето алтернатива, токму тој погоди за 8-2 во 13.минута што беше неговиот третти гол. Првпат со седум гола поведовме во 18.минута кога Кристопан со неговиот четврти гол од исто толку обиди погоди за 11:4. Гостинот успеа да намали во продолжение три гола од нашата предност, со мини серија па во 23.минута беше 13-9 на семафорот. Веднаш реагираше клупата на црвено-црниот состав и побара минута одмор со цел да не дозволи ривалот да се врати во игра по големата негатива. Пародно ротираше од клупата тоа негативно се одрази на играта на црвено-црните, па ривалот намали на 14-12. Со два брзи гола на Сташ Скубле и Тимур Дибиров за само 60.секунди се вративме на четири позитива на 2.минути до крајот. На пауза заминавме со позитива од три гола, 16-13.

Лошо отворивме во вториот дел, со два врзани гола ривалот намали на 16-15 по само 2.минути ракомет во овој период. Успеавме да се издигнеме па со голот на Кристопан, во 39.минута отидовме на пополни три плус, 20-17. Точно на средината на вториот дел ние водевме со пет гола, о 34.минута Тимур Дибиров погоди за 24:19 резултат кој даваше сигурност пред почетокот на последната четвртина од оваапоследна средба во групната фаза од елитната лига. Во тие моменти пристигна убава вест и за повредата на Дисингер (види). Победата веќе беше најавена во “Јане Сандански“ во последните десет минути влеговме со предност од шест погодоци, 26-20 и сигурно чекоревме кон нова деветта победа оваа сезона во групната фаза. Сите момци даваа максимум на теренот, сепак посебно се истакна голманот Дејан Милосавњев со неговите атрактивни одбрани. Се до крајот беше рутина, ние дојдовме до победа со резултат 33-27.

Кристопан со седум гола беше прв стрелец кај нас, Игор Карачиќ имаше шест гола, гол помалку Чупиќ, а капитенот Стоилов и Дибиров погодија по четири пати. Милосављев беше повторно двоцифрен.

Извор
Вардарфанс.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This