ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ ЕДНА ПО ЕДНА ГО ПРИЗНАВААТ ГВАИДО ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: Се надеваме дека ова ќе доведе до крај на хуманитарната криза!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бидејќи Николас Мадуро не распиша претседателски избори во рокот од осум дена кој му беше поставен, Велика Британија, заедно со европските партнери, го признаа Хуан Гваидо за привремен уставен претседател се додека не бидат одржани легитимни избори. „Се надеваме дека ова ќе придонесе за крај на хуманитарната криза“, напиша на твитер шефор на дипломатијата наВелика Британија, Џереми Хант.


Премиерот на Шпанија, Педро Санче,з исто така соопшти дека го признава Гваидо за претседател поради нераспишувањето на нови избори, додека пак шефицата на дипломатијата на Шведска, Маргот Валстром соопшти дека ќе присуствува на состанокот на контакт групата на Венецуела во Монтевидео, кој ќе се одржи на 7ми февруари.

„Режимот на Мадуро одби да одржи слободни и демократски претседателски избори. Поради тоа, од сега го признаваме Гваидо за законски привремен претседател согласно венецуелскиот устав“, напиша на твиитер австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This