ЕВРОПСКА „ИГРА НА ТРОНОВИТЕ“: Што можеме да очекуваме од изборите за претставници во Европскиот парламент?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 427 милиони гласачи оваа недела ќе ги изберат своите претставници во Европскиот парламент за следните пет години. Еве неколку суштински датуми и бројки кои ќе ја следат изборната недела.

Во четвртокот (23-ти мај) граѓаните во Холандија и Обединетото Кралство ќе бидат први што ќе излезат на гласање на изборите.

Тие ќе бидат проследени од Ирска која ќе го одржи гласањето во петок (24-ти мај) и Летонија, Малта и Словачка во саботата (25-ти мај).

Повеќето од земјите-членки ќе гласаат во неделата (26-ти мај), вклучувајќи ги Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Литванија, Луксембург, Полска, Португалија, Романија , Словенија, Шведска и Шпанија.

Земјите-членки се согласија да не ги објавуваат официјалните резултати додека не се затвоpат последните избирачки места. Ова значи дека официјалните резултати нема да бидат познати до недела, иако изборите ќе започнат уште во четврток во Велика Британија и Холандија.

Првите официјални резултати ќе бидат објавени во неделата на 26 мај по 23:00 часот, кога ќе се затвори и последното гласачко место во Италија. Сепак, Европскиот парламент ќе објави национални проценки, врз основа на постоечките анкети.

Официјалните претставници ќе можат да се придружат на некоја од постојните политички партии во Европскиот парламент. Тие ќе станат дел од партија само ако изрично го побараат тоа, во спротивно ќе се сметаат како независни пратеници.

Лидерите на политичките групи во Европскиот парламент, како и кандидатите од сите главни политички партии, се очекува да присуствуваат на изборната ноќ во зградата на Европскиот парламент во неделата во Брисел.

Веднаш штом првите официјални резултати ќе бидат објавени околу 23 часот, се очекува да биде ос=држана прес конференција на ќе се објават првичните резултати, како и проценката за конечните резултати.

Над илјада новинари – двапати повеќе отколку во 2014 година се акредитирани да ја следат изборната ноќ во Брисел.

По изборите, од пратениците се очекува да започнат преговори за формирање политички групи во новото Собрание. За да формираат политичка група во Европскиот парламент, на пратениците им требаат најмалку 25 пратеници од најмалку 7 различни земји-членки.

Крајниот рок за формирање е 24 јуни.

Инаугуративната седница на новоизбраниот Европски парламент ќе се одржи на 2 јули, во официјалното седиште на Собранието во Стразбур.

Пред тоа, 28-те шефови на држави и влади на ЕУ ќе се состанат во Брисел на 28-ми мај, 48 часа по изборите, за да ги оценат резултатите и да започнат да разговараат за распределбата на клучните позиции во ЕУ.

Ќе се преговара за неколку високи функции, вклучувајќи го и претседателството на Европската комисија, Европскиот парламент, Европскиот совет, Европската централна банка и други позиции, како што е високиот претставник на ЕУ за надворешни работи.

Ако сè е оди по распоред, новата Европска комисија треба да ја преземе функцијата на 1 ноември.

Новата комисија ќе биде потврдена по пленарното гласање во Европскиот парламент, на кое ќе му претходат серија парламентарни сослушувања за новоименуваните комесари на ЕУ закажани во октомври.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This