ЕВРОПСКИ ПРОФЕСОРИ ВО 1918:„Македонецот не може да се нарече ни Бугарин ни Србин, туку просто Македонец“-Македонците имаат свој посебен јазик и неспорна етничка оригиналност“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште во 1918, пред усвојувањето на Версајскиот договор, швајцарскиот правник и професор на Универзитетот во Лозана Радолф Рајс напиша: „Факт е дека македонскиот не се говори ни во Софија ни во Белград. Тој е посебен словенски јазик…Според мое мислење, Македонецот не може да се нарече ни Бугарин ни Србин, туку просто Македонец“. Истото тоа го кажува и истакнатиот француски писател Анри Барбис: „Станува навистина збор за еден народ. Народ што има свој оригинален етнички карактер, свои традиции, свои стремежи, своја единствена и специфична личност…

– Колку убав пример на одбрана на македонскиот национален идентитет од страна на странец, и тоа во време кога нашиот народ немал свои институции кои би можеле да дејствуваат, на разни начини, во негова корист. Но, имал среќа во тоа време да има интелектуалци со високи морални вредности и со готовност да му искажат поткрепа во неговата борба за свое докажување како посебен субјект, да му искажат барем солидарност во неговите страдања.

Оти повторно се негира македонската самобитност.

-Отаде, ни останува вербата дека ќе надвладее разумот, дека ќе победи сфаќањето оти не се брише нешто што едноставно не може да се избрише, вели Стаматоски.

Меѓу оние кои говореле за посебноста на македонскиот јазик се и Полјакот Мјечислав Малецки, Словенецот Ватрослав Облак, Французите Андре Вајан и Антоан Меје, Бугарот Петар Драганов и други.

Во услови на распарченост на земјата меѓу владејачките структури на соседите, македонските мисловни сили можеле да сметаат на поткрепа во реализација на своите стремежи за самостоен национален развој, а со тоа и на слободен македонски збор, единствено на прогресивните сили кај тие народи.

Соодветна е активноста и во другите делови на Македонија. Органот на КПГ „Ризоспастис“ објави во 1934 годинанеколку писма на македонски јазик и го предаде на грчки јазик познатото писмо со потпис „Многу Македонци“ (30 јануари 1935), во кое се бараше да се дозволи „слободно да си го зборуваме нашиот македонски јазик и да отвориме наши училишта, македонски, на кои ќе учат нашите деца“.

– При тој повод Димо Хаџи Димов ја изрече визионерската мисла дека македонскиот народ ќе дочека и втор, победоносен Илинден. Бескомпромисниот борец за самостојноста на македонското национално дело, но затоа набрзо беше пречекан со куршум од тие што беа против успешната разврска на тоа дело, забележува Стаматоски.

Ова се само дел од документите и сведоштавата за македонскиот јазичен развиток. Голем дел од ваквите сведоштва систематски се уништувани, а веројатно до некои македонската наука ќе доаѓа и во иднина. Тие само ќе ја надополнат сликата ….

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This