ЕВРОПСКО OPУЖЈЕ: Меркел најави развој на европски одбранбени системи, вклучувајќи бopбени авиони и тенkoви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика европските држави да развијат нови системи за вооружување, вклучувајќи борбени авиони и тенкови.

– Во иднина заедно ќе развиваме одбранбени системи, вклучувајќи борбени авиони и тенкови. Германија и Франција во таа смисла се на самиот врв, изјави Меркел за време на своето традиционално неделно обраќање до нацијата, овојпат по повод 64-годишнината од основањето на Бундесверот (армијата на Германија).

Според неа, судирот во Украина и „анексијата на Крим“ повторно го актуелизираа прашањето на одбраната и соработката во воените сојузи, посебно во НАТО.

Меркел истакна дека германската безбедност е гарантирана со постоењето на Бундесверот, затоа оружените сили треба да добијат неопходни финансиски ресурси за својот развој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This