April 26, 2024, 11:55 am

ЕВРО ПО ЕВРО ЗА ЦРКВАТА, ДО 2.3 МИЛИОНИ: МПЦ го оштетила државниот буџет за 2.3 милиони евра со купувањето на плацот спроти „Холидеј Ин“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со продажбата на градежното земјиште наспроти „Холидеј ИН“ на МПЦ, Министерството за транспорт и врски го оштетило буџетот за повеќе од 2.3 милиони евра – покажува пазарната анализа за цената по која Министерствто го продало земјиштето на Македонската Православна Црква.

На мрежата за продавање и купување „Пазар 3“, цената на еден квадрат земјиште на оваа локација чини скоро двојно поскапо од цената што МПЦ и ја платила на државата.

Од МПЦ, за еден метар квадратен платиле 312 евра за квадрат, а на „Пазар 3“, цената на оваа локација е 577 евра за метар квадратен.

Плац ос 75,8 метри квадратни, се продава за 45.000 евра:

Матемтиката вели дека за 9.000 квадратни метри – колку што изнесува целиот простор – МПЦ и нивниот деловен партнер заштедиле неверојатни 2,3 милиони евра, затоа што цената е далеку пониска од пазарната. Ова се пари кои во нормални услови би завршиле во Буцетот на Реп-ублика Македонија.

НОВА ТВ објави документи кои покажуваат дека ова земјиште претходно е проценето дека вреди 640 евра по метар квадратен. Вредноста од 640 евра ја утврдил проценител за имотот на МПЦ кој е на истата градежна парцела и тоа уште уште во 2010 година.

Фирмата „Обновители“ во сопственост на Македонската православна црква која што нема вработени освен управител, свештеник од с. Кадино, 8 години не се занимавала со градежништво, е таа која што на сметката на Министерството за транспорт и врски уплатила 2,3 милиони евра. Нивниот бизнис партнер, Зоран Антиќ и фирмата М.Г. „Фешн“ дале само 500, 000 евра, за министерството да им продаде 9000 метри квадратни по цена од 312 евра, во 4 очи. Потпис на договорот удрил министерот Горан Сугаревски, кој обврзан со законот мора да продава по таа цена брифираат од неговиот кабинет.

-Продажбата на државното земјиште со површина од 9.000 квадратни метри е направена според Законот за градежно земјиште по цена утврдена во Уредба донесена од Владата во 2016 година која важи за физички и за правни лица. При тоа е земена повисоката цена која е утврдена за деловен простор, а согласност за законитоста даде и државниот правобранител. – велат од Министерството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This