Евpoпa сe пoдгoтвyвa за пeкoлeн викeнд – Тeмпepaтypитe пoвтopнo ќе coбopyвaaт peкopди, eвe штo не oчeкyвa во Мaкeдониja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Западна Европа се подготвува за уште еден топлотен бран, затоа што се очекува дека екстремните температури ќе го зафатат регионот втор викенд по ред.

Англија денес ќе се приближи кон својот најтопол ден во годината, а рекордот поставен минатата година беше 38,7 степени Целзиусови, пренесува американски „СиЕнЕн“.

Метеоролозите веќе издадоа предупредување за топлотниот бран затоа што се предвидува дека во текот на овој викенд температурите ќе надминат 37 степени Целзиусови.

Се очекува дека овојпат таквите услови ќе се задржат најмалку седум дена во Лондон и некои околни области.

„Иако овој топлотен бран може да донесе високи температури како минатата седмица, но траењето ќе биде многу подолго. Минатонеделниот бран навистина траеше еден или два дена, но овој ќе трае најмалку пет дена во поголем регион. Градови како Париз веројатно ќе надминат 36 степени Целзиусови секој ден, од понеделник до петок“, изјави метеорологот Тејлор Вард за „СиЕнЕн“.

За француската престолнина предвидува дека температурите и идната седмица ќе останат над 32 степени Целзиусови.

Белгија во одредени области регистрираше температури за 14 степени Целзиусови поголеми од просекот, а се искачуваат и до 32 степени Целзиусови. Во Брисел во текот на викендот се очекуваат температури од 34-35 степени Целзиусови.

И Амстердам и другите делови на Холандија исто така би можеле да очекуваат високи температури.

Променливото време во нашата земја ќе се задржи до недела. Синоптичарите најавуваат пороен дожд, и грмежи и локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Веќе од понеделник се очекува стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This