ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА БИЛА ОКУПИРАНА БУГАРСКА ТЕРИТОРИЈА: Зоран Заев ја продаде и Егејска Македонија на Бугарите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската политичка елита не собра храброст и не покажа доблест да ја обелодени содржината на Договорот за добрососедство со Бугарија. Од друга страна, бугарскиот национализам секојдневно се подгрева со детали од Договорот. Европратеникот Ангел Џамбаски како и многу други бугарски политичари пред медиумите во соседството детално го образложува договорот меѓу Бугарија и Македонија потпишан од Зоран Заев и Бојко Борисов, пишува Република.

Она што Заев го крие, Бугарите го користат за да ја потврдат својата политичка позиција и да го зацврстат политичкиот рејтинг, што е сосема нормално, затоа што она што Бугарите се обидуваат 10 години да ни го протнат како „договор за добрососедство“, Заев го профати за 10 минути.

Со потпишувањето на договорот со Бугарија, Заев им даде можност на своите колеги во Софија кога било во иднина да употребуваат вето против евроинтеграциите на Македонија доколку Македонците не се сложат на комплетна промена на историјата на Македонија, односно на позициите на Бугарија според кои македонскиот народ, историја и нација имаат бугарски карактер. Ова е се благодарение на политиките на свиткана кичма и антипатриотизам на Зоран Заев и неговите соработници кои во договорот со Бугарија не само што со потпис се откажаа од каков било однос со македонското малцинство во Бугарија, туку и потпишаа документ во кој воопшто не се споменува македонскиот народ – туку „народот во Република Македонија“, кој според бугарската страна – не е македонски, туку бугарски.

Доказ плус е и ставот на европратеникот Џамбаски од ВМРО-БНД на минситерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов, кој вели дека во егејскиот дел на Македонија локалното население зборува на бугарски јазик, и дека Егејска Македонија е „одамна окупирана бугарска територија од страна на Грците“.

За промената на името на Македонија и за откочувањето на односите меѓу Атина и Скопје Џамбаски смета дека иако Владата на Република Македонија негира дека ќе се дискутира за името, тоа секако мора да се случи.

– Се разбира, Грција го одржува овој проблем не затоа што толку ја интересира името, тоа не е важно за нив. Тоа кое повеќе ги вознемирува Грците е можноста населението на т.н. Северна Грција, инаку одамна окупирана бугарска територија, населението да ја спомне својата припадност. Ако прошетате по тие села во Костурско, Леринско, Воденско, можете без проблем да зборувате со локалното население на „нашински“ јазик, тие нема да ви кажат дека тоа е бугарски затоа што се плашат од грчката полиција која ги демне насекаде, но зборуваат на „нашински“. Тоа е основната причина. Така што решението на тој проблем треба да биде најдено на некаков начин, има многу варијанти, јас нема да ги откривам нив бидејќи тие треба да бидат откриени од Скопје.

Џамбаски и Андреј Ковачев од партијата на Борисов ГЕРБ се автори на резолуцијата до Европската комисија со која се изборија за признавање на бугарско малцинство во Албанија, благодарение на етничките Македонци кои живеат во Албанија и кои поседуваат бугарски пасош од економски причини, за работа во ЕУ. Со овој потег Џамбаски и Ковачев продолжија со спроведување на великобугарската политика „врзувајќи“ ги Бугарија и Албанија како две земји во кои живеат претставници на ист народ – со што наредниот чекор ќе е да се „побугарчи“ цела Македонија. За тоа на помош им дојде Зоран Заев со потпишувањето на црниот договор со Бугарија.

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This