ЕГЗОДУС ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА: Источна Македонија се празни, цели села заминуваат зад границите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Источна Македонија се сели надвор од границите – причините се политичката нестабилност

Лошата економска состојба, политичката нестабилност и ниските плати се клучните фактори за иселување на младите во странство.

Истражувањата на невладината организација Ини покажуваат загрижувачки податоци – дури 20% од населението во Источна Македонија засекогаш ја напуштиле државата и заминале за странство.

Најалармантна е состојбата во виничко-беровскиот регион, каде што цели села се иселени во Италија и Словенија. Во италијанскиот град Канели благодарение на виничани повеќе се зборува на македонски отколку италијански. Млади речиси и да нема. Во овие градови останати се само оние кои успале да се вработат во државни институци додека сите останати својот напредок го гледаат надвор од границите.

Статистиката говори дека во Кочани, Виница, Каменица и Делчево на 120 жители се раѓа едно новороденче, а во Берово, Пехчево и Пробиштип на секои 150.

Иселувањето на младите во некој од европските држави е проблем и на останатите соседи. И таму причините за напуштањето на родните огништа се исти како и во Македонија.Се претпоставува дека во потрага за подобар живот изминатите неколку години се иселиле околу 1,5милион млади луге од Западан Балкан.

Нема деца за слободните училишни клупи
Во 11 општини од Источно-планскиот регион, има уште 44 отсто слободни места за запишување во средните училишта, откако за 3.130 места се пријавиле само 1.401 кандидат. Лидер во бројот на пријавени кандидати е средното медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип, единственото средно училиште во регионот кое примило повеќе пријави од понудените места: 280 кандидати за 240 места.

Недостиг од пријави бележи престижната штипска гимназија „Славчо Стојменски“, која досега се пополнуваше уште во првиот уписен рок. Оваа година, само 150 ученици пројавиле интерес за гимназиските насоки. Најмал интерес во „градот на текстилот“ завршените основци пројавиле за средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ – 12 пријави за 170 места.

Помалку пријавени кандидати од слободните места има и во останатите општини во регионот: во Виница, за слободните 340 места пријавени се 106 канидати, во Македонска Каменица 36 кандидати за 70 места, а во Кочани за 710 места пријави поднеле само 284 кандидати. Лоша е состојбата и во Делчево, кадешто само 90 основци се пријавиле за понудените 270 места.

Во Берово, каде што има само едно средно училиште за 137 места во 20 паралелки во овој град и за пет дисперзирани паралелки во Пехчево се пријавиле само 90 кандидати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This