ЕГИПЕТСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИЛА ФАЛСИФИКАТОРИ НА ФОТОГРАФИИ: Фалсификувале фотографии со деца, и ги претставувале дека се од Алепо!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еве зошто треба два пати да ги проверувате сите медиумски извештаи во врска со фотографитие на „ранети деца“ во Сирија

devojce_fals
Египетската полиција спречила појавување на уште една лажна приказна. Погледнете како настануваат лажните вести.

Полицијата во Египет уапсила човек кој сценирал фотографии на „ранети деца“ кои планирал да ги употреби со цел на социјалните мрежи погрешно да ги претстави како резултат од разрушувањето и ранетите во сирискиот град Алепо, соопштува египетското МВР.
„Снимателскиот тим, меѓу кои и асистент на фотографот и родителите на децата, уасен е во египетската провинција Порт Саид“, пишува Египетското министерство на својата страница на ФБ.

Министерството наведува дека полицијата била сведок на процесот на снимање во непосредна близина на остатоците на зграда која е уништена како незаконска со одлука на локалните власти. Девојчето кое стои во бел фустан покриен со „крв“, за кој подоцна е констатирано дека е боја, го привлекло вниманието на полицијата која оттука поминувала. Девојчето во рацете држела плишано мече кое исто така било „крваво“, а нејзината рака била во завои.

Фотографот признал дека сакал да ги објави овие фотографии на социјалните мрежи како фотографии од Алепо.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This