ЕДВАЈ СЕ КРПИ КРАЈ СО КРАЈ: Граѓаните на работ на егзистенција- трошоците растат, платите стагнираат, економијата во рецесија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синдикалната семејна кошничка сега тежи 32.316 денари, што е еднакво на речиси три минимални плати.

Македонците на работ на егзистенција. Трошоците растат, платите стагнираат, економијата практично во рецесија.

Во септември годинава во однос на исиот месец лани најголемо поскапување имало кај комуникациите (9.5%), потоа кај алкохолот и цигарите (6.7%) и транспортот (6.3%). Намалување на цените имало само кај трошоците за здравје (-1.2%) и мебелот (-0.7%).

Синдикалната семејна кошничка сега тежи 32.316 денари, што е еднакво на речиси три минимални плати. Дури ни просечната плата која во август достигнала 22.912 денари не е доволна да ги задоволи месечните потреби на едно четиричлено семејство.

Во септември стапи во сила зголемената минимална плата, но наместо да добијат покачување голем дел од работниците останаа и без она малку што им следува. Обврската во услови кога државата доцни со ветените субвенции веќе резултираше со тоа дел од компаниите се уште да не можат да соберат пари плати за минатиот месец.

Владата мора да испорачува мерки за поддршка на стопанството, сметаат аналитичарите, според кои таа мора да биде во постојана консултација со бизнис секторот но истовремено мора и да се дистанцира од него.

Аналитичарите проблемот го лоцираат во долготрајната политичка криза, но и во големите капитални проекти кои беа стопирани од новата Влада.

Светска Банка и Меѓународниот монетарен фонд ги намалија проекциите за економски раст на земјава годинава на 1 и пол, односно 2 и пол проценти.

Македонската економија практично веќе е во рецесија – во првиот квартал имаше стагнација, а во вториот пад од 1,8%. И другите индикатори се негативни – со месеци паѓаат индустриското производство и извозот.

-Не би сакале да се соочиме со ситуација каде што приватниот сектор ќе започне да го намалува бројот на работните места за да може да ја исполни оваа квота на исплата на минималната плата особено за оние трудоинтензивни дејности кои што ги имаме во Република Македонија кои што имаат голем број на работни места, потенцираше Даниела Алексовска од ССК.

-Државата да се дистанцира од несуштинските дејности, да не навлегува во конкурентски односи со приватниот бизнис односно да го создава само квалитетниот амбиент каде што до израз би дошле претприемачките способности на секој од нас, истакна Проф Д-р Зоран Ивановски.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This