Еден зaгинaт и повеќе повpeдени во повеќе сообраќајни неcреќи кои се случија поради неисчистениот снег во земјава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последните 24 часа, откако Македонија ја зафатија обилни врнежи од снег, дојде до неколку сообраќајни несреќи на повеќе локации во Скопје но и во внатрешноста на земјата. Едно лице го загуби животот, а неколку беа повредени. Во меѓувреме граѓаните од цела Македонија на социјалните мрежи споделуваат видеа и фотографии од неисчистените и подмрзнати патишта.

Четири лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Тетово-Јажинце, пред мостот на реката Порој. Незгодата се случила помеѓу две возила, при што повредени се двајцата возачи и двајца сопатници. Повредените биле пренесени во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово. Таква сообраќајка се бележи на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај Порој околу 18 часот.

-Во судир на две патнички возила повредени се четири лица, кои се пренесени во тетовската Клиничка болница. По укажување на лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување. Поради снегот има и неколку излетувања на автопатите кон Скопје и Гостивар, како и низ тетовските улици, но без поголеми последици, информира Марјан Јосифоски, портарол на СВР Тетово.

Тешка сообраќајна несреќа се случила 10 минути по полноќ на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Новоселски мост. Патничко возило „бмв“, со швајцарски национални ознаки, управувано од М.С. (54) од Кичево, излетало од коловозот. Во несреќата, М.С. починал на самото место, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а сопатниците Н.С.(52) и Ќ.А.(52), исто така од Кичево се здобиле со повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на незгодата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар. По наредба на Јавен обвинител телото на М.С. е предадено за обдукција.

Камион се излизгал и излетал од патот синоќа кај росоманското село Рибарци, најверојатно поради снежниот коловоз, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Додевски појасни дека повредени нема, причинета е само материјална штета.

Попладнево околу 15,07 минути поради лизгав коловоз и мраз се случи сообраќајна несреќа на делницата Велес-Штип, над месноста викана Ѓубриште во која се превртело возило со сопружници од велешкто село Бузалково. Како што информира за МИА началникот на Брза Помош д-р Василка Пановска Поп Стефанова тие се здобиле со телесни повреди. На местото на настанот била д-р Јадранка Мишкова од службата за Итна Помош која за МИА, информира дека и мажот и жената се здобиле со повреди на главата, а мажот и со повреди на рамо и шака и по укажаната прва медицинска помош со возило на Итна помош биле пренесени во Хирушките амбуланти на велешката Општа Болница. -Во 15 и 30 минути на одделот за хирургија при ЈЗУ Оопшта болница – Велес од страна на Итна медицинска помош биле донесени се две лица повредени во сообраќајна незгода и тоа маж на возраст од 63 години и жена на 62 годишна возраст. Двајцата се здобиле со лесни телесни повреди, информира д-р Елеонора Јованова портпарол на велешката болница. Како што информира за МИА,д-р Љупчо Леов ортопед, кој ги прегледал повредените, тие биле снимени и имале телесни повреди. Тие им препорачале да останат на набљудување во болницата, но повредените одлучиле да потпишат и да си заминат дома.

На улицата Теодосиј Синаитски во Жданец, општина Карпош, возило излета од неисчистениот пат. Повредени за среќа, нема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This