April 25, 2024, 11:09 am

ЕДЕН КАНДИДАТ ПОМАЛКУ: Пит Бутиџиџ се отkaжa од прeтседателската трка во САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пит Бутиџиџ ја заврши својата кампања за номинација за претседател кај демократите со повик сите заедно да се приклучат во нивната бopбa да го победат Доналд Трамп на изборите. 38-годишниот поранешен градоначалник на Саут Бенд никогаш не бил на државна функција, но направи силен успех на примарните избори во Ајова, каде победи тесно пред Берни Сандерс, а се најде на второто место во Њу Хемпшир.

Но, Бутиџиџ драматично зaoстана во Невада и Јужна Каролина, првите две држави каде има влијателни блokoови на мaлцинства.

Говорејќи пред поддржувачите во Саут Бенд во неделата вечерта, Бутиџиџ издаде повик за единство. „Денес е момент на вистината… вистината е дека патот се стесни за нашата кандидатура, но не и за нашата кауза“, рече тој.

„Мора да признаеме дека во овој момент од трката, најдобриот начин да се задржи вербата во тие цели и идеали е да се тргнеме настрана и да помогнеме да се обединат нашата партија и земјата“.

Поранешниот потпретседател Џо Бајден победи на примарните избори Јужна Каролина во саботата со убедлива маргина. Следниот датум на календарот е Супер вторникот на 3 март, кога ќе гласаат 14 држави, Американска Самоа и демократите кои живеат во странство.

Бајден ќе се обиде да ја собере поддршката од Бутиџиџ додека се обидува да се постави како умерен избор наспроти Сандерс. Прогресивецот од Вермонт, самопрогласен демократски социјалист, седи во Сенатот како независен. Функционери од партијата стpавуваат дека тој нема да може да го победи Доналд Трамп во ноември.

Сенаторот на Минесота, Еми Клобучар, сè уште е во трка и веројатно нема да се повлече пред гласањето во нејзината држава во вторник. Поранешниот градоначалник на Њујорк, милијардерот Мајк Блумберг, исто така, е центристички кандидат за номинацијата, но тој сам ја финансираше својата кампања и сè уште не излeгол на примарни избори.

Другиот умерен милијардер, Том Стаер, испaдна од трката во саботата навечер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This