(Документи) Еден месец пред пандемијата со Ковид, Фаучи и Модерна испратиле „кандидати за mRNA вакцина за коронавирус“ на доктор поврзан со лабораторијата во Вухан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нови документи покажуваат дека американскиот Национален институтот за здравје на чие чело е Ентони Фаучи и фармацевтскиот гигант Модерна споделиле „кандидати за вакцини против коронавирус на база на mRNA“ со експерт кој бил ментор на шефицата на лабараторијата во Вухан и „помогнал во тестирање на вакцината COVID“ повеќе од еден месец пред да се идентификува Ковид-19.

Првично објавени од Аксиос минатата година, документите откриваат дека американската влада и Модерна се здружиле за пренос на материјали до врвни специјалисти само неколку дена пред да се појави КОВИД-19 во Вухан, Кина.

Договорот за трансфер е потпишан од повеќе страни помеѓу 12 и 19 декември 2019 година.

Според официјалниот наратив, Светската здравствена организација (СЗО) станала свесна за појава на пневмонија во градот Вухан на 31 декември 2019 година.

СЗО не објави официјална изјава во врска со новиот коронавирус пронајден кај болнички пациент во Вухан се до 9 јануари.

Еден од потписниците на договорот за трансфер, д-р Ралф Барик од Универзитетот Chapel Hill, има исклучително блиски врски со Институтот за вирологија во Вухан.

Во документот за пренос на материјали, Фаучи и Модерна го замолуваат Барик „да изврши студија со тестирање на вакцината mRNA во (редактиран) модел, како што е опишано на Примерот А.“

Но и „Примерот А“ е исто така редактиран во документот.

Д-р Ши Женгли, неславно позната како Вухановата „жена-лилјак“, беше водечки истражувач заедно со Барик, сè додека не ја напушти лабораторијата UNC-Chapel Hill за Институтот за вирусологија во Вухан.

Всушност, Женгли и Бариј објавија труд во 2015 година опишувајќи: „Група циркулирачки коронавируси кај лилјаци слични на САРС кои покажуваат потенцијал за ширење кај човекот“.

Како би знаеле дека кластерот специјално поврзан со кинескиот лилјак потковица покажува потенцијал за појава кај човекот?

Па, со свои зборови, тие „изградија химера со промена во зоонотичен CoV-шилест протеин – од RsSHC014-CoV секвенцата што беше изолирана од кинеските лилјаци потковица“.

Следно, истражувачите намерно заразиле човечки бели дробови кои „биле набавени во согласност со протоколите одобрени од Институционалниот на Универзитетот во Северна Каролина во Чапел Хил“.

Во периодот кога истражувањето за „добивка на функција“ беше забрането во Америка во 2014 година, дуото Барик / Женгли од 2015 година продолжило со истражувањето како на барање на Националниот институт за здравје

Интересно, белешката на крајот од истражувачкиот труд објаснува дека авторите првично го изоставиле фактот дека EcoHealth Alliance (EHA) ја финансирала нивната работа.

ЕХА е истата група која Фаучи ја финансираше со пари во Институтот за вирусологија во Вухан, каде соработник на Барик, д-р Ши Женгли, е директор на лабораторијата.

Претседателот на ЕХА, Питер Дазак, е единствениот Американец испратен во Вухан да ја „испита“ теоријата на лабораториско протекување, која тој изненадувачки ја отфрли.

Всушност, како главен истражувач за истрагата на СЗО, Дазак утврдил во рок од 3 часа по посетата на лабораторијата во Вухан во февруари 2021 година дека „нема што да се види тука“.

Со очигледниот судир на интереси на Дазак со лабораторијата во Вухан и истражувањето за добивање на функции, кои сега се на насловните страници на светски медиуми, тој беше само повлечен од неговата позиција како главен истражувач кој го бараше потеклото на КОВИД за медицинското списание „Лансет“

Откако д-р Ралф Барик експериментираше со истражување за добивање на функции, тој го создаде лекот за третман на коронавирус Ремдесивир за фармацевтскиот гигант Гилеад, компанија која во изминатите неколку години доби над 6,5 милијарди американски долари од Националниот институт за здравје на Фаучи

Сега, Барик се здружи со научници за да создаде уште една златна кокошка, „универзална вакцина“, насочена кон коронавирусите.

„Вакцината има потенцијал да спречи пандемија кога ќе се открие нова варијанта“, вели Барик.

„Со оваа стратегија, можеби можеме да спречиме САРС-CoV-3“, вели креатор на универзалната вакцина.

Во 2018 година, Бариќ говороеше на конференцијата на 100-годишнината од пандемијата на шпанскиот грип во 1918 година и објасни дека еден ден некој може да продава вакцини на луѓе кои сакаат да се вакцинираат дома.

„Најверојатно, некој ќе смисли начин да го продаде тоа на легален начин, а не на безбеден начин“, рече тој.

Барик дури детално опишува како може хипотетички „да се заработат пари вид следната пандемија“, создавајќи табела за „можности при глобална катастрофа“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This