ЕДЕН ПО ЕДЕН СИТЕ НА PACПИТ: Агапи Дика на рacпит за „Peкет“ во Обвинитeлcтвото за организиран kpиминал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседатеката на собранието на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски Агапи Дика пред малку влезе во Обвинителството за организиран криминал каде е повикана да даде исказ за случајот Рекет.


Дика пред да влезе во Обвинителството не сакаше да коментира зошто е повикана.

Обвинителката Русковска во истрагата за Рекет го истражува и работењето на Меѓународниот сојуз. Пред две недели во Обвинителството исказ даваше и Фросина Ременски која е почесен претседател на Меѓународниот сојуз, но и бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски кој тврдат дека му исплатиле 750 односно 250 илјади евра на Боки 13 за наводна изведба на старачки домови преку Меѓународниот сојуз.

Во Обвинителството за гонење на организиран криминал денеска е повикан исказ да даде и бизнисменот Зоран Азманов. Тој има поднесено кривична пријава против Бојан Јовановски за рекет. Азманов тврдеше дека Боки 13 му побарал 50 илјади евра за да не се емитува емисијата Инсајдер за бизнисменот Азманов.

Во Рекет во притвор се Бојан Јовановски, Зоки Кичеец и Катица Јанева.

Боки 13 и Кичеец се повеќе од два месеци во притвор, а на Јанева по барање на ОЈО судот пред два дена и го продолжи притворот за нови 30 дена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This