ЕДЕН ПО ЕДЕН СИТЕ СИ ЗАМИНАА: Вработените во КК Работнички без плата, на што се потрошија повеќе од половина милион евра подарок од Српче

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општина Центар  издвои дури 830.000 евра за КК Работнички – омилениот клуб на градоначалникот Саша Богдановиќ, но сепак пари за стручниот штаб на клубот нема, па полека еден по еден членовите го напуштаат клубот.

„Дечки, сакам да Ве известам дека од денеска мојот ангажман како тренер во КК Работнички, прекинува. Огромно благодарам до сите Вас за секој тренинг, секој пораз, и секоја среќа што ја делевме заедно. Ви посакувам на сите да бидете тоа што се. Пред се да тренирате машки, и да дадете се од себе за да бидете добри играчи. Ми беше чест што бевте дел од мене како играчи, а јас дел од вас како тренер Срдечен поздрав “- се одјави Ѓорѓиевски од КК Работнички.

Само еден ден откако Ристе Стефанов се раздели со КК Работнички, истото го направи и тренерот кој му ја донесе јуниорската титула на клубот од Дебар Маало.

И Горан Ѓорѓиевски повеќе не живее на „Градски парк” ББ, затоа што во текот на вчерашниот ден и официјално реши да го напушти клубот. Причината позната – неисплатени финансиски долгувања на клубот спрема трофејниот тренер во младинската школа на „црвено-белите”. Тоа Ѓорѓиевски го потврди на својот Фејсбук профил, со една проштална порака, пред се до играчи со кои делеше и добро и лошо во изминатиот период, а кои ги донесе до шампионската титула во М-18 младинската лига на Македонија. Останува отворено прашањето каде отидоа речиси милион евра кои општина Центар му ги поклони на КК Работнички?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This