ЕДЕН СИ ДАВА ОТКАЗ ДРУГ СЕ ВРАБОТУВА: „Непотизмот под чергиче“ – не се размислува за системско решение

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едни си даваат отказ, други се вработуваат. Од јавната администрација си заминаа сопругот и братот на пратеничката Мира Стојчевска, како и мајката и синот на пратениците Костадин Костадинов и Горан Мисоски, а таму сега се скрасија браќата на нивните колеги од СДСМ, народните избранички Татјана Прентовиќ и Анета Симеска Димоска. Едниот во Македонска Опера и Балет, а другиот стана директор на Здравствениот дом во Македонски Брод.

За вакви случаи доколку се докаже судир на интереси кај јавните службеници постојат строги правила кои резултираат и со разрешување од работните позиции. Така што таква судбина покрај погоре споменатите, можеби ќе ги снајдеше и пратеничката Емилија Александрова, министрите Крешник Бектеши, Арбр Адеми, Љупчо Николовски и сите останати функционери чии роднини си се вработија на атрактивни работни позиции под државна капа, но тоа ќе беше така доколку беа во Италија.

-Затоа беше суштинско усвојувањето на правила на однесување, кои што не се само етички деонтолошки, туку се и обврзувачки за јавните службеници. Доколку тие кодови на однесување не се запазат предвидени се и казни, па дури и разрешување од работно место, изјави претседателот на италијанската Национална управа за антикорупција, Рафаеле Кантоне.

Таква е сликата во Италија, но каква е во Македонија? Тука одговорност од никого се уште нема. Минатиов период бевме сведоци на вработување на блиски роднини на функционери и пратеници од власта во државната администрација, за доста примамливи плати. А додека јавноста жестоко реагираше и се занимаваше со тоа кој заминал, а кој не, во јавната администрација не се вдомија само браќата на пратеничките, туку и ќерката на Гоце Чакаровски, советникот за здравство на премиерот Зоран Заев. Стефанија Чакаровска стана секретарка и советник на заменик директорот на Агенцијата за лекови, Роберт Бекировски.

И покрај тоа што како пример денеска Заев ги виде строгите законски норми во Италија, сепак најави за такво нешто во Македонија не даде, туку повторно остави да одлучува совеста кај оние кои јавноста ги прозива.

-Реков и при моите изјави секој со својата одговорност. Како што реков очекувам да се претера во делот на она каде што, односно барање одговорност и тогаш кога нема потреба од одговорност. Фокусот мора да биде на еднаквост на граѓаните, изјави Заев.

Антикорупциска веќе отвори голем број случаи за непотизам. На списокот се блиски роднини на функционери кои ќе бидат ставени под лупа и ќе се проверува дали постоел судир на интереси при нивното вработување. Како најатрактивни позиции за вработување на роднините на функционерите и понатаму остануваат ЕЛЕМ и МЕПСО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This