ЕДЕН ЧАС ПО БРЕГЗИТ: Малдивите повторно стануваат дел од Комонвелтот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Малдивиите повторно станаа дел од Комонвелтот, со што вкупниот број на членки во организацијата порасна на 54.

Одлуката беше донесена само еден час откако беше офицајизиран Брегзит.

Познати по песочните плажи и луксузните туристички одмаралишта, архипелагот кој се наоѓа во Индискиот океан го напушти Комонвелтот во 2016 година. Во тоа време земјата се соочуваше со санкции поради кршење на човековите права како и поради слабиот напредок во демократските рефори.

Во 2018 година беше избран нов претседател, Ибрахим „Ибу“ Мохамед Соли. По неговата победа беа ослободени политичките затвореници, а на протераните политички противници им беше дозволено да се вратат дома.

Републиката мораше да докаже дека демократските процеси во земјата функционираат, како и дека има поддршка од народот за враќање во групата на нации, како и едногласна согласност на останатите членки.

Малдивите имаат население од околу 500 000 луѓе, а се протегаат на околу 1 200 острови од кои повеќето се ненаселени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This