Единаесет години без Тоше

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески.

Како и во изминатите десет години, маратонци од повеќе градови од Македонија во чест на Тоше ќе трчаат маратон и денеска напладне треба да стигнат во Крушево на неговото вечно почивалиште.

Оваа година на 5 октомври не се одржа манифестацијата „Ѕвездено небо за Тоше“ која фановите на Тоше во изминатите десет години ја организираа на плоштадот „Македонија“ во спомен на неговиот последен и хуманитарен концерт што го одржа на 5 октомври 2007 на Градскиот стадион. „Ѕвезденото небо“ не се одржа зашто се подготвува голем концерт посветен на Тоше на 2 номеври, со настап на пејачи од Балканот. На концертот треба да биде промовиран и албум со необјавени песни од Тоше Проески, насловен „Secret place”.

Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).

 

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This